26.06.2020

ЃАВОЛСКИ ЅИД – природен феномен или дело на надземни сили!

ЃАВОЛСКИ ЅИД – природен феномен или дело на надземни сили!

На јужната страна на планината Богословец, покрај самиот десен брег на реката Брегалница на петнаесетина километри јужно од Свети Николе се наоѓа импозантно здание, познато како  ЃАВОЛСКИ ЅИД.

Овој импозантен ѕид е изразито забележителен во должина од петстотини метри, во правец на протегањето на “Богословец”, и вдолж десниот брег на Брегалница, а негови траги можат да се забележат дури и на пет километри кон запад. Траги од ѕидот се забележуваат и на левиот брег на Брегалница, кои асоцираат на единсвеност на Ѕидот. Просечната височина се движи од 10 до 12 метри и широчина од околу 2 метри. Градбата е изведена со камени блокови со просечна зафатнина од 4 кубни метри, меѓусебно поврзани со  тенка, црвеникава врзивна материја  нанесена од вештиот градител.

Околу потеклото на овој монумент постојат различни гледишта. Дел од науката тврди дека станува за природна појава, односно дека ѕидот е ремек дело на природата, настанат  со ерозија на околното земјиште. Наспроти ова тврдење, има научници кои сметаат дека станува збор за градба, а не за природен феномен. Кон ова тврдење тие го наведуваат фактот дека такви камења како на градбата не постојат во непосредната околина, неверојатната вештина во градењето, како и постоењето на тенкиот врзивен материјал со црвена боја.

Наспроти науката, кај народот од овој регион постои верување дека градбата е дело на надземни сили, односно на ѓаволот, па затоа и му дале име – Ѓаволски ѕид.

 Извор: ekorepublika.mk

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.