02.02.2023
Организираме тимски лов на тартуфи во Македонија
Организираме тимски лов на тартуфи во Македонија
Тимот на Кајак.мк ве информира дека од денеска на нашата
платформа е достапна уште една уникатна локална тура која е ново уникатно
искуство за сите во Македонија. Програмата можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.
Одиме во лов на тартуфи. Со дресирани и питоми кученца-трагачи,
искусни ловци на тартуфи и подготвени вкуски специјалитети од тартуфи. Време е
да започнеме да размислуваме за еднодневни пролетни прошетки во природа со нашето друштво,
колеги, семејство. Зарем не?
Ваквите тури се организираат во околината на Скопските планини, како Кучково, Водно, Скопска Црна Гора, Катланово, а постои и можост да се организираат во други предели низ Македонија доколку има заинтересирани групи.

Има една јавна тајна која вели дека „Македонија е богата со
тартуфи“, што е уште една причина да се вклучите во потрагата по вистинското
природно богатство кое соодржи протеини, минерални соли и кој никогаш не предизвикува алергии.
Тартуфите се сметаат за едни од најздравите додатоци во исхраната кои играат важна улога во боргата против срцевите заболувања.
Јадењето тартуфи предизвикува добро расположение, поради што тие се препорачуваат на луѓе кои страдаат од стрес! А со нашите тури во природа, дегустацијата на таруфите и целодневната физичка активност, дефинитивно ќе заборавите на работниот стрес.

Тимскиот лов на
тартуфи најчесто започнува во 10 часот, со кратко запознавање со основните
принципи корисни за потрагата, како да се препознае тартуф, запознавање со водичите/ловците
на таруфи како и со најбитните асистенти- дресираните кученца.
Повеќе информации
за турите, фотографии и контакт за резервација можете да добиете со еден клик
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.