28.04.2022
Успеавме да ја надминеме пандемијата и да им ги вратиме насмевките на нашите гости
Успеавме да ја надминеме пандемијата и да им ги вратиме насмевките на нашите гости
Кајак денеска го испи своето утринско кафе во прекрасното дворче на ресторанот „Грне“ кој воедно е нашата нова гастрономска дестинација која ја додаваме во базата, а каде може да резервирате со еден клик ОВДЕ.
Домаќинот Ристе не дочека со насмевка и амбициозен поздрав кој на некој начин ни даде чувство дека ресторанот веќе одамна ја има отворено својата сезона.
Грне има приказна
која се испишува веќе 7 години, успева да ја изброди пандемијата и да докаже
дека идејата за сервирање вкусна храна и цртање насмевки на лицата на гостите е
поважна од секоја пандемија.
За оние кои досега не слушнале за ресторанот Грне, треба да потенцираме дека тој се наоѓа на магистралниот пат кој води од Охрид до Св.Наум во населеното место Долно Коњско и до него можете да стигнете со секое возило, автомобили, автобуси, комбе, а за активните туристи и со велосипеди.
Ресторанот е отворен
пред 7 години, кога сопственикот Ристе, како професионален готвач одлучува да ја
реализира својата животна желба, а тоа е да има свој простор каде ќе може да им
ги служи на гостите специјалитетите кои успева да ги научи во текот на својот
професионален ангажман.
Ристе вели дека желбата да има свој ресторан му е од мали нозе и додава дека секој кој нешто посакува може да го оствари доколку силно верува во тоа.
Ресторанот „Грне“
е изграден според желбите на Ристе, а тоа е да има голем простран двор кој ќе
има природна сенка и кој ќе биде опколен со цвеќиња. Денеска Ристе е среќен
кога гледа куп деца како уживаат играјќи во дворот.
Ресторанот е изграден во етно стил и главниот фокус го става на вкусната храна која може да се најде за сечиј вкус. Почнувајќи од салати, скара, готвени јадења, домашно чадено месо и вкусната и препознатлива плескавица „Грне“.
Домаќините велат
дека во фокус им е вкусната храна, бидејќи без неа ресторанот „Грне“ нема да го
има вистинскиот дух.
Контакт за комуникација и резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Коментари
-
Зоран Киров
06.05.2022 18:55
Кој бил знае, кој не бил да појде да види... Прекрасна храна, одлична услуга и уште подобри сопственици :)
-
Б.Коруноски
29.04.2022 19:32
Пред се луѓе на место а после се останато како храна и специјалитети така и удобност на највисоко ниво. Секоја чест и смо напред!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Предлог есенска дестинација: Планинското одморалиште Михајлово
Планинско одмаралиште Михајлово, Кожуф.

5 совети за патници што планираат патување во Македонија
Планираш патување во Македонија? Откриј 5 практични совети за патници – од традиционална храна и планинарење до автентични места надвор од туристичките рути.

Садиме нови дрвца со секој тим билдинг
Тим билдинг кој ќе се памети! Уникатни моменти, забава и позитивна енергија.
Папрадиште, Велешко – планинско село за мирен одмор и автентично искуство
Откријте го Папрадиште, сместено на Јакупица. Уживајте во планински патеки, традиционална архитектура и мирна природа. Пронајдете идеално сместување преку кајак.мк.

Јабланица – планината што крие езера, врвови и авантура | Совршена викенд дестинација
Откријте ја магијата на Јабланица: планинарење, планински езера и недопрена природа на границата меѓу Македонија и Албанија.

Нешто ново во Македонија: Во Вратница се отвори нова вила за престој
Село Вратница е мало, но полно со автентичност и топлина, каде времето тече побавно и полесно. Вила Вратница идеално место за уживање.