22.09.2020
Но зошто да не го посетите селото Подгорци?
Но зошто да не го посетите селото Подгорци?
По препорака на Фатима Далипоска која испрати неколку фотографии до Кајак.мк, ние ви го препорачуваме селото Подгорци — село во областа Дримкол, во Општина Струга, во околина на градот Струга.

Селото се наоѓа во областа Дримкол, во јужниот дел на територијата на Општина Струга, во западниот дел на Струшкото Поле, чиј атар се издига на источната падина на планината Јабланица. Селото е планинско, на надморска височина од 910 метри. Од самиот град Струга е оддалечено 12 километри.
Што можете да посетите во ова село:
- Археолошки наоѓалишта
- Сред село — некропола од доцноантичко време; и
- Црква — средновековна црква и некропола.
- Цркви
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, изградена во 1845 година, а фрескоживописана во 1847 година за време на султанот Абдул Меџид. Осветена е од надлежниот архијереј Дионисије;
- Црква „Св. Јован Владимир“ — гробјанска црква, изградена во 1924 година, не е осветена; и
- Црква „Воведение на Пресвета Богородица“ — обновена црква, камен-темелник е осветен и поставен во 1995 година од страна на Митрополитот г. Тимотеј.
- Други црковни светилишта
- месност „Света Петка“ — збирно место со икона на кое треба да се гради црква
- Џамии
- Џамија — главна селска џамија
- Езера
- Подгоречко Езеро — ледничко езеро на Јабланица

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.