18.05.2021

Започнав со дрвена лажица за ајвар, но стигнав до Олимписките Игри

Започнав со дрвена лажица за ајвар, но стигнав до Олимписките Игри

Доста луѓе не контактираат се со цел да прашат дали продаваме кајаци, што е сосема нормално ако се земе предвид дека името на нашата платформа е Кајак. Ништо спорно дечки, напротив, ова е супер момент, бидејќи укажува на тоа дека расте интересот кај македонците за активности во природа.

Ваквата ситуација не поттикна да разговараме со Лазар Поповски, активен кајакар кој има испишано многу успеси, а денеска важи за еден од луѓето кои се најзаслужни за успехот на кајакарството во Македонија.


Нема љубител на кајакрството, а да не го познава Лазар. Но за останатите, ова четиво би било добар мотив да започнете со нешто ново во животот, кое можеби би било кајакарењето.

Лазар вели дека бил доста активен од најрана возраст. Се сеќава дека редовно веслал во леѓен со дрвена лажица за ајвар, а за првпат во Кајак влегува откако научил да плива. Сето ова го учи во неговиот прв и единствен клуб „Илинден 90“.


Љубовта кон кајакарството ја наследува од неговиот татко Мичо Поповски. Поранешен кајакар, државен првак, тренер и еден од основачите на Македонскиот Олимписки Комитет. Заедно настапиле на четири Олимписки Игри, ни раскажува Лазар и додава дека ќе му биде благодарен за секој ден поминат во овој прекрасен спорт.


Реката Треска, во Матка е неговото игралиште од детство, но со тек на време на реката се гради и сериозна база за тренинг каде Лазар се подготвува за настап на Светски, Европски Првенства, Олимписки Игри. Денеска на реката Треска се наоѓа седиштето на Кајак Адвечрс Македонија. Што се однесува за рекреација и тим билдинг, секогаш прв избор му е Мавровското Езеро.

Македонија има изворедна географска положба и блага клима која овозможува кајакарските активности за рекреација да започнат од фебруари и да се одвиваат некогаш и до средината на ноември, смета тој.


Кајакарењето како спортско-рекреативна активност е една од најбрзо растечките дејности во светски рамки. Лазар вели дека трендот е присутен и кај нас како за кајакарење така и за стоечко веслање. Но сепак за возење кајак е неопходна претходна обука и оттука не може овој спорт да се споредува со популарноста на возење велосипед. 
Во првите години откако „Кајак Адвенчрс Македонија“ започнал со работа имале доста странски туристи ентузијасти кои претходно имале искуство, но денеска, покрај странските туристи кои во моментот се на „стенд бај“, се почести се и домашните туристи кои ја препознаваат нивната експертиза, безбедноста која ја нудат и искуството.


Домашните туристи се најчесто ентузијасти кои сакаат да научат нови вештини, конкретно кајакарење, но често мотив е и само еднодневен излет на вода во природа, вели тој. Од тие причини започнале да организираат кајак школа, еднодневни и повеќе дневни курсеви за кајакарење на река или езеро. Дел од тие тури се: Кајак тура по реката Треска од Матка до Сарај во должина од 7 километри, еднодневни излети на било кое езеро за рекреација или тим билдинг и секако расположени се за персонализиран концепт во зависност од идеите на туристите.

За оние кои се заинтересирани, може да стапат во контакт со Лазар на 071 200 200.  

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.