28.03.2022
13 вработени од Polar Cape засадија нови 1500 дрвца
13 вработени од Polar Cape засадија нови 1500 дрвца
Дел од вработените на „Polar Cape“ докажаа дека не е битен
бројот на волонтери кои ќе се вклучат во акцијата за пошумување, колку што е
битно присутните волонтери да ја сакаат природата и да живеат со идејата за
зачувување и негување на нашите шуми.
Ако се прашувате колку дрвца може да засади вашиот тим, ние ве советуваме да тргнете од информацијата дека на 13 вработени во Polar Cape не им претставуваше никаков проблем да засадат 1500 дрвца во рекордно кратко време.

Млади, амбициозни и желни за уживање во природа. Така ги
запознавме присутните од Polar Cape, кои на 26-ти Март ни се приклучија во семејството
на еко одговорни компании.
За оние коишто не знаат, саботата или 26-ти март е „Светски ден за садење на медоносни растенија“, затоа ние одлучивме денот да го поминеме со Polar Cape на југот од државата, кој од денеска е збогатен со нови 1500 багремови дрвца.

Како знак на благодарност и храбоста да се вклучат во акцијата за садење дрвца, тим на Кајак.мк му подари тегла со Багремов мед на секој од вработените. Како што вели поговорката: Што ќе си засадеш, тоа и ќе си жнееш“. Покрај медот, сонцето го уживавме со домашно кафе, мала пикник закуска и лаф-муабет за атракциите кои може да се посетат во регионот. Кога сме веќе кај она што е новина во југот на Македонија, ние направивме осврт на работата на винаријата Јостела, чија сопственичка Венера е дел од нашата база на „Гастрономија“, а која прави сè за промоција и развој на туризмот во Гевгелија.


Денот по акцијата
го заокруживме со домашен ајвар и домашни специјалитети од мед.
Тимот на Кајак.мк се радува што „Polar Cape“ од денеска е дел од нашето семејство со еко одговорни компании кои вложуваат во зачувувањето на животната средина.


Дополнителни фотографии можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.