19.03.2020
Кајак советува: Начини како да им помогнете на локалните индустрии погодени од коронавирусот!
Кајак советува: Начини како да им помогнете на локалните индустрии погодени од коронавирусот!
Почитувани патници. Сигурно веќе дел од вас сте запознаени дека основната цел на платформата Кајак.мк е да ве информира во врска со патувањата, туризмот, агенциите и превозот. Меѓутоа мораме да дадеме свој глас и за сите останати индустрии, наше размислување околу тоа како можеме да им помогнеме во овие тешки времиња. Бидејќи COVID-19 се уште го докажува својот максимум во светот, малите и средни компании во Европа и кај нас се соочуваат со огромни предизвици. Особено луѓето и семејствата коишто живеат од туризмот, а верувајте дека ги има многу. Додека забраната за собирање на јавни места и забраната за поголеми групи ќе биде активна насекаде околу нас, тоа време треба да го искористиме паметно и хумано кон ваквите индустрии. Бидејќи, тие гледат надеж во патниците.
Купете ваучери за
ресторани, кафулиња или сендвичарници или нарачете дирекно дома
Дали сакавте да јадете во некој нов ресторан или кафуле кое е отворено месеците
наназад? Сакавте да ги почастите вашите дома со вкусна скара од локална
кафеана? Можете тоа да го сторите и сега! Порачајте за дома! Ако не сакате да
јадете сега, купете ваучер кој ќе можете да го искористите подоцна. Резервирајте
го вашиот летен роденден уште сега и оставете им капар. Многу е важно, на
локалните угостителски објекти да им се помогне сега.
Поддржувајте ги независните музичари и уметници
Има луѓе коишто живеат од настапите по кафулиња за време на викендите. Сега тие
немаат друг избор. Многумина од нас ги познаваме тие луѓе. Донирајте за нив!
Отворете online сметка преку
петиција на која ќе може да се донира. Ако текстот го читаат сопственици на
кафулиња или дискотеки, може да имаат во предвид да извршат договор за одреден
датум за настапување, а сега да им се плати депозит. 
Донирајте на кампањите на GoFundMe
Технологијата е
многу помоќна од кога било. Во изминатиот период сме сведоци на моќта на
социјалните мрежи и се повеќето кампањи коишто се шират за донирање на лица
коишто имаат најмногу потреба од пари. Тоа се лицата на кои им е неопходна
лекарска помош,а која не може да ја дозволат поради недостигот на финансии. GoFundMe
исто така може да собере пари и за луѓе коишто останале без работа.
Купувајте преку
Интернет (online) и купувајте
од локалните продавници кои со прописите може да работат
Големите маркети
нема да го осетат проблемот кој ќе го почуствуваат помалите бизниси. Многу од
туристичките агенции поседуваат системи за online резервации и уплати за летната сезона. Многумина
од нив исто така функционираат со online резервации со плаќање на депозит за вашето престојно патување. Освен
туристичките агенции, овде може да се набројат и школите за странски јазици кои
може да ви понудат online часови,
фитнес инструкторите, јога инструкторите и други.
Планирајте ги
идните патувања
Моменталната
ситуација ќе се стави под контрола. Затоа се гледаме на некое ново патување.
Секако дека сме свесни за последиците коишто ќе ги трипи секое семејство, меѓутоа
пробајте да ја договорите вашата туристичка агенција за плаќање на рати. Морето
во текот на летото е исто така многу важно за да се заштитите од други вируси и
бактерии. Затоа бидете вниматени при носење на одлуки за тековните патувања. 
Ставот е на уредничката политика на Кајак.мк. Сите ваши предлози и идеи испраќајте ги на [email protected]
фото: Coronavirus restrictions and social distancing affect some communities harder than others © The Photo Commune / Getty Images
Извор: LonleyPlanet
- 7 НАЧИНИ КАКО ДА ПАТУВАТЕ БЕЗ ДА ГО НАПУШТИТЕ ДОМОТ, ЧИТАЈ СО ЕДЕК КЛИК ОВДЕ!
- ИНФОРМАЦИИ КОИ СЕКОЈ ПАТНИК МОРА ДА ГИ ЗНАЕ, А СЕ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ, ЧИТАЈ ОВДЕ!
- СИТЕ ОСТАНТИ ВЕСТИ ПОВРЗАНИ СО КОРОНАВИРУСОТ И ПАТУВАЊЕТО, ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина
Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.