11.10.2020
Еко предлог за неработниот понеделник: Посетете го Елен Скок!
Еко предлог за неработниот понеделник: Посетете го Елен Скок!
Понеделникот е неработен ден за сите, а голем дел од луѓето коишто се активни туристи и авантуристи се останати во своите домови поради зголемувањето на бројот на заразени од „Ковид-19“. Тимот на Кајак.мк знае дека секој од нас заслужува да го искористи неработниот ден за патување некаде, па затоа ние имаме еден добар еко-совет преку кој нема да дојдете до контакт со други луѓе.

Ова фотографија е направена од Виктор Лазаревски кој на својот инста профил е познат по своите авантуристички патувачки фотографии.
Можеби се прашувате за тоа што е „Елен Скок“, но и каде се наоѓа?
„Елен Скок“ е историски мост кој се наоѓа во селото Могорче во областа на Дебар. Овој мост е поставен на Мала Река, а стои како украс уште од самото време кога е поставен.
Мостот се наоѓа на патот кон малореканските села Лазарополе, Гари и Тресонче. Изграден за време на османлиската империја, а според одредени историчари овој мост е лоциран на еден од краците на Виа Игнација.
wikimedia.org
Има многу
приказни за тоа како е изграден овој мост. Најпозната приказна е за еленот кој
при лов бил тешко ранет од страна на еден турски ага. Но и покрај
смртните повреди успеал да ја прескокне Мала река и да пребега од спротивната
страна. Согледувајќи ја храброста на ова животно како и неговата желба и борба
за живот, агата наредил на истото место да се изгради мост во форма на Еленски
скок.
Освен мостот, ова
е можеби и одлична опција за сите велосипедисти и планинари. Постои маркирана
планинарска патека до с. Сушица. Оваа патека од Сушица продолжува кон Галичник,
Тресонче или Лазарополе која може да
се помине пеш или со велосипед
При обиколката можат да посетите уште неколку музеи и културно историски објекти.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.