15.05.2020

До 14 јуни 2020 година забрана за летови на релација Македонија-Грција и обратно

До 14 јуни 2020 година забрана за летови на релација Македонија-Грција и обратно

Грчката Агенција за цивилно воздухопловство преку издадените нови упатства за воздушниот сообраќај, најави продолжување на мерката за привремена забрана за летови од и кон Грција за седум земји, меѓу кои и  Македонија.

За нашата земја, привремената забрана за летови од и кон Грција е продолжена до 23.59 часот на 14 јуни 2020 година, а истото важи и за Албанија и Турција, јави дописничката на МИА од Атина. За летовите од и кон Италија, Шпанија, Велика Британија и Холандија, забраната важи до 31 мај 2020 година, до 23.59 часот.

Паралелно, до истиот термин се продолжува и мерката, сите останатите меѓународни летови да се полетуваат и слетуваат само на атинскиот аеродром.

Од привремената забрана за летови, исклучок се карго летовите, здравствените, хуманитарните, државните, итните, оние за репатриација на граѓани итн.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

Што знаеме до сега за Грција, Ковид-19 и летните одмори


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.