23.02.2022

Одгледувам микробилки: Луѓето коишто ги вкусиле ја знаат различноста

Одгледувам микробилки: Луѓето коишто ги вкусиле ја знаат различноста

Можеби нашето денешно четиво не соодвестува на туризмот во Македонија, меѓутоа со голем ќеф ја споделуваме приказната на Сања Бачевски која е дипломиран инженер по хортикултура.


Сања има интересен пристап во одлгедувањето и продажбата на растенија. Но овојпат зборуваме за растенија кои се во првата фаза од растот  и развојот, а таквата варијанта растенија се нарекуваат микробилки. За оние кои првапат го слушат изразот, тоа е зеленчук кој е поголем од никулец, а помал од беби зеленчук, но сепак идеален за конзумација.


Сања вели дека тоа се истите зеленчуци кои ги јадеме секојдневно, само што се берат во првата фаза на раст и развој. Технологијата на производство е многу поразлична од класичното одгледување на зеленчук. Ваквите микробилки се одгледуваат во простор кој е под строго контролирани услови, со особено внимание на температурата, влажноста, светлината и водата. Семето треба да биде органско, нетретирано, а исто така во текот на производството да не се користат никакви хемиски препрарати и да биде органско.


Сигурно се запрашавте како се конзумираат?
Микробилките се конзумираат исто како и другите салати. Важно е тие да бидат во свеж облик, наместо термички обработени. Ваките свежи растенија се идеални за додатоци во сендвичи, чорби, месо, паста или било кое јадење. Секоја микробилка има специфичен вкуст, што значи дека може да се комбинира според вкусовите на готвачите.

Микробилките содржат многу повеќе витамини, минерали, аминокисели, антиоксиданси за разлика од истите зеленчуци кога се созреани. Некои од нив содржат и до 40 пати повеќе нутритенти од истата созреана билка. Имаат многу специфички вкусови, интензивни бои и декоративни стебла. Ваквите билки може да се произведуваат во мал простор, што значи дека можете да ги произведувате во станот во којшто живеете.


Сања вели дека има се поголема побарувачка, особено во Охрид, каде што таа живее. Таа е дирекно поврзана со ресторани и хотели кои им служат храна на туристите. Покрај рестораните, Сања вели дека полека се буди свеста и кај луѓето за конзумирање на здрави растенија како што се микробилките.


Доколку сакате да стапите во контакт со неа, можете да ја посетите нејзината страница Sanja’s microgreens. 

Остави Коментар

Коментари

  • Suncica Spasovska

    24.02.2023 15:35

    Mnogu mi se dopagja

  • Sonja Filevska

    01.04.2022 20:55

    Браво, секоја чест. Дали има можност за достава до Скопје? Прва прилика во Охрид ќе ги вкусам микробилките. Поздрав

  • Mirjana kostovska

    26.02.2022 06:31

    Kako do vasite proizvodi. Tel ili adresa

  • Vskresija Boeva

    24.02.2022 09:31

    Bravo. sekoja ti čest bi sakala da gi isprobam. Dali može da se nabavat vo sekoe vreme

Прочитајте повеќе

Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност

Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.

Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество

Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.

Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи

Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk

Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk

Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.

Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!

Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!

Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам

Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.