24.06.2021

Гастрономијата на Кратово: Прикаска која се дегустира

Гастрономијата на Кратово: Прикаска која се дегустира

Денеска ќе ви ја раскажеме приказната на Младен Мицевски кој има 27 години, живее во Кратово, а за нас е еден од најдобрите промотори на кратовскиот регион.

Младен работи како наставник по стручни предмети од угостителско туристичка струка во средното училиште во Кратово. Предава на ученици чија квалификација е угостителски техничар за рурален туризам, а неговиот главен фокус му е на Националната гастрономија и традиционалните македонски и локални специјалитети.


Заедно со неговите ученици често учествува на настани на кои се промовира кратовската традиционална кујна и кратовските обичаи. Но покрај настаните, Младен е и добар туристички локален водич, кој знае како да им го претстави Кратово на љубопитните туристи.

Готвењето на традиционална храна го привлекувала уште од времето на неговите студии, но со враќањето во Кратово таа му го одземува вниманието, а пред сè локалните и не толку препознатливи специјалитети за туристите.


Тој вели дека кога ќе се спомене за кратовски специјалитети веднаш се помислува на кратовската пастрмајка, но додава дека ова не е единствениот специјалитет на Кратово. За него подеднакво е важно да се промовираат и мантиите, арм’кот, к’цана сол, триаголна сарма од лозов лист, качамакот, катмерот (зелник), зелник со потпечени кори, боденик, вртена баница, топеница, погачи, маџун (слатко од тиква), лангити, прженица, домашно произведени млечни производи, сукани баклави, кратовска ракија, кратовско вино и друго.


Нешто што најмногу го привлекува младиот професор е готвењето во автентичен македонски амбиент користејќи традиционална опрема и инвентар (вршник, саџак, бакарни тави и тепсии, фурна, котли итн.). Помеѓу последните активности кои ги реализирал со учениците била подготовката на грав со јагнешко во големи котли на саџак за народен собир во маало Вељановец, во село Горно Кратово.


Како туристички водич, покрај културно-историските споменици и разглед на Кратово, во својата програма ја додава гастрономијата. Соработува со локален ресторан, со етно куќа „Шанчева“ и г-динот Стевче Доневски за кого пишувавме неодамна. Соработува и со г-ѓа Лилјана Мијалкова која има направено етно катче во својот дом, кадешто може да се најде традиционалниот инвентар за готвење во целост и кој е целосно употреблив.


Мицевски вели дека она што скоро секој турист без исклучок го има кажано е фактот дека локалната храна е нешто незаменливо. Странските туристи секогаш се воодушевуваат од локалните специјалитети, а особено кога употребуваат локално произведени намирници. Не можат да одолеат дури и на поедноставните порции од домати и сирење и тврдат дека тој вкус го немаат почувствувано никогаш, додава тој.


Претставувањето на локалната гастрономија, богатото културно – историско наследство кое датира уште од пред новата ера, вметнувајќи алтернативни панорамски прошетки околу ридовите и  планините во Кратово, промовирајќи ги природните реткости во гратчето и селата се само дел од активностите кои ги спроведува за развој на руралниот туризам во Кратово. Градот, но и селата имаат огромен потенцијал за рурален туризам и тој смета дека недостасува координативно тело на ниво на општина коешто ќе помогне во развојот.


Според Младен туристите се секогаш воодушевени од она што го има во Кратово, дури не можат да поверуваат како се уште го немаме искористено потенцијалот. Потенцира дека културниот крстопап којшто постои во Кратово, а распространет на толку мал простор, е за неверување. Туристите на секој чекор имаат нова приказна и ново природно или културно здание.


Младиот професор вели дека не сретнал турист во неговото искуство кој се нема трогнато од кратовските приказни и нема побарано за момент да застанеме со цел да го доживее средновековниот момент кој го нуди Кратово, но и свежиот и чист воздух и тишината која ја нема во урбанизираните средини. Неколку пати му се има случено туристите кои планираат само попатно, еднодневно, да останат во Кратово, остануваат и по 3-4 дена во градот. Младен е во контакт со многу туристи кои имаат желба да се навратат на кратовските сокаци.  

Остави Коментар

Коментари

  • Тим на Кајак.мк

    10.08.2021 10:27

    Драг Мате. Ви испративме линк во приватна порака. Секое добро :)

  • Мате Ѓорѓиевски

    09.08.2021 15:24

    Поздрав и фала за инспиративна приказна. Како може да стапиме во контакт со Младен Мицевски?

  • Ranko Mladenovski

    24.06.2021 22:52

    Bravo sekoja cest

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.