26.09.2020

Горан Илиевски со велисипед на Калин Камен: И есенските денови на велосипед!

Горан Илиевски со велисипед на Калин Камен: И есенските денови на велосипед!

Горан Илиевски последните сочневи денови ги поминува со својот велосипед на Калин Камен. Кајак.мк ви ја препорачува ова дестинација која можете да ја посетите во текот на цела година. Со надморска височина од 1870 метри каде постои езеро и е одлично место за излет со фамилијата а богами и со точак. Се наоѓа над манастирот СВ. Јоаким Осоговски во Крива Паланка така да вашата тура поминува и покрај манастирот, вели Горан. 

По патот исто така се наоѓа комплекс на ловечки куќички кои се во служба на ловџиите од Крива Паланка а многу сограѓани ги користат и за викенд локации за одмор и рекреација на чист воздух и прекрасен поглед.

На четири часа пешачење од Крива Паланка, преку манастирот Свети Јоаким Осоговски ќе стигнете до месноста наречена Калин Камен. Пред вас ќе здогледате детски парк, спортски игралишта, мало вештачко езерце, ловечка куќичка, букова шума, прекрасни ливади и една голема карпа која месното население ја нарекува Калин Камен. Токму таа карпа е причината заради која илјадници туристи пешачат цели 4 часа.

Калин Камен е на надморска височина од 1870 метри и претставува еден од најубавите врвови на Осоговските Планини. Располага со преубави скијачки патеки, забавен парк и ловечка куќичка и други објекти.

Во неговата околина има пријатни места за одмор и рекреација и мал спортски терен, а во 2009 година за прв пат се организираше ревијално рели за возила со погон на четири тркала.



Ова е најизолираната уникатна вила која може да ја резервирате во Беровскиот регион



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.