02.05.2023
Предлог викенд гастро дестинација: Етно ресторан Марков Манастир
Предлог викенд гастро дестинација: Етно ресторан Марков Манастир
На околу дваесеттина километри од Скопје пред самото село Маркова Сушица се наоѓа етно ресторанот Марков Манастир. Идеална гастро дестинација за жителите на Скопје во текот на летните жешки денови! Одличната надморска височина, густата шума и прекрасната природа ќе го направат вашиот оброк повкусен за разлика од дома.
За оние кои ќе се одлучат да го посетат етно ресторанот, треба да имаат предвид дека самото село и регионот се познати по Марковиот манастир кој е сместен во живописен пејсаж, а кој манастир е изграден во средината на четиринаесетиот век од страна на македонскиот владетел Крале Марко.

Ресторанот
и манастирот може да ви бидат одлични попатни дестинации за една прекрасна
викенд тура која можете да си ја организирате.
Точната локација
и контакт за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ, а за сите оние кои
ќе се одлучат да го посетат ресторанот, нас совет е да вкусат домашна пита, пинџур,
домашен колбас, тава „Марков Манастир“, ребро во фурна и месо со праз.
Ресторанот постои
15 години, а во изминатите 3 години со него раководат нови менаџери.
Контакт за резервации
и точна локација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.