18.07.2021
Дрвена куќичка со прекрасен панорамски поглед кон Охрид и езерото
Дрвена куќичка со прекрасен панорамски поглед кон Охрид и езерото
За Кајак.мк не постои лош ден или лош термин за патување и престој на уникатни места во Македонија и надвор од неа. Кога веќе зборуваме за уникатни сместувања ја имаме предвид и ова дрвена куќичка која нуди феноменален поглед кон Охрид и Охридско езеро.

За да
престојувате во неа не ви е потребно многу. Ви треба автомобил, велосипед или
добра кондиција за да пристигнете пеш до неа, а она што ќе го доживеете внатре
е приказна сама по себе.
Денеска ве запознаваме со домаќинот Јордан, чиј дом се наоѓа во близина на селото Рамне или на 890 метри надморска висина.

Ова дрвена куќичка е сместена во пределот на националниот парк Галичица, а е идеален за парови кои бараат бегство од јавноста или пак да љубители на активниот туризам кои се неразделни од својот велосипед. За патувачите кои ќе се одлучат да ја посетат куќата со автомобил треба да имаат предвид дека регионот е прекрасен за истражување, што значи дека наш совет е да го остават автомобилот на мирување пред самиот објект.

Соседните вили се наоѓаат на околу 200 метери, а позицијата на вилата е идеална за пешачење и велосипедизам кон селото Рамне и прошетка по патеката која ги поврзува селата Рамне и Велестово. Ова патека е исто така идеална за Off-Road велосипедизам.

Знаеме дека сте
љубопитни за повеќе информации, затоа за да ги погледнете сите фотки, информации
за сместувањето како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.