19.06.2024
Дали сте слушнале за ресторанот „Планински Бисер“?
Дали сте слушнале за ресторанот „Планински Бисер“?
Знаеме дека повеќето
во моментот би посакале да уживате среде зеленило под длабока сенка, под стотици години
стари дрвја, додека температурата во градските средини е пеколна, вие да може да го поминете денот со ладен пијалак и добро друштво.
Тимот на Кајак.мк денеска ве води во планинскот бисер на Скопска Црна Гора, каде можете да вкусите разни специјалитети подготвени на традиционален начин, а воедно можете да вкусите свежа риба од рибникот на самиот ресторан.

Ресторанот „Планински Бисер“ се наоѓа на Скопска Црна Гора. Доволно е на Google Maps да го пронајдете село Бродец и самиот пат ќе ве одведе до ресторанот.

Ресторанот се наоѓа на надморска висина од околу 1000 метри, што го прави идеално место за бегство од летните горештини. Наша предлог агенда за да го исполните вашиот ден со физичка активност е да си организирате тура од местото викано Две Реки, па се до Чешма Бродец, кое вкупно пешачење трае околу 50 минути. По прошетката вашата агенда може да продолжи во ресторанот на ручек или вечера.

Овде можете да вкусите разни специјалитети, а комфорот ќе го уживате во текот на работната недела кога метежот по угостителските објекти е најслаб. Воедно, практикувајте телефонски резервации пред да посетите одреден угостителски објект.
Повеќе
фотографии, како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.