23.02.2022
Апартмани во Крушево кои може да си ги дозволи секој патувач
Апартмани во Крушево кои може да си ги дозволи секој патувач
Базата на Кајак.мк достигна до 12 сместувања во Крушево, а нашиот тим е среќен што нашите патувачи ќе ја имаат приликата да престојуваа во вакви уникатни сместувања, кои може да си ги дозволи секој патувач.

Денеска ќе ве запознаеме со „Maya's Apartments“, сместување кое се наоѓа на 2 минути од жичарницата. Во близина на сместувањето има добро опремен минимаркет, а центарот е оддалечен околу 350 метри пеш. Во околината на сместувањето се наоѓаат неколку градби со стара крушевска архитектура, чешма со изворска питка планинска вода, а крушевската корија е во сама близина.

Апартманте се изградени во јули 2019 година, и се во одвоен објект. Едниот апартман има мала терасичка со поглед кон градот, а и на двата апартмани излезот им е во голем двор кој што е слободен за користење од страна на посетителите. Во дворот има простор кој располага со ѕидана скара, пушница за месо и чешма и простор за одмор.

Апартманите се климатизирани и располагаат со сопствена
опремена кујна, сопствен тоалет,
интернет и кабелска телевизија.
На неколку чекори од апартманите започнува вашето планинско
уживање, чистиот воздух, боровиот појас и буковата шума ве предизвикуваат да го
започните денот на вистински начин.
Повеќе информации,
фотографии и контакт за резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.