03.11.2020
Во Македонија има хотел каде може да ја преселите вашата канцеларија
Во Македонија има хотел каде може да ја преселите вашата канцеларија
Насловот можеби ве натера да го отворите линкот, а ние преку текстот ќе се потрудиме да ви ги отвориме очите и да ви докажеме дека во Македонија навистина постои хотел изолиран во борова шума кој дозволува да ја замените вашата стресна канцеларија со релаксирана работна атмосфера во природа.

Запознајте се со младиот менаџерски тим на „Еуро хотел Градче“ кој веќе одредено време нуди доста атрактивни понуди се со цел да се спротистави на стресот кој
е присутен во секој од нас.
Ние разговаравме со Наташа, која вели дека во моментот се сконцентрирани на обезбедување целосна заштита на гостите, почитување на протоколите, а најважно од се е обезбедување на уникатна работна средина во која можете да уживате со вашите лап-топи и да ги извршувате сите обврски од новата “дома“.
Хотелот можете да го резервирате на: 071 222 655 или побарајте понуда на мејл [email protected]
За сите наши патници/читатели кои бараат повеќе информации и
начин на резервација. Ова треба да го знаете:
Хотелот се наоѓа на 6 километри северно од градот Кочани. Лоциран е
на 550 метри надморска височина, која е уникатна местоположба за одмор и
релаксација. Хотелот се наоѓа покрај езерото Градче, кое можете да го користите за кајакарење,
возење велосипед, прошетки или џогирање,
а може и пак риболов, во зависност од сезоната. 
Наш предлог за сите кои ќе престојувате во овој хотел е
да одвоите од вашето време за активен одмор. Хотелот располага со велосипеди и кајаци, кои може да ги користите. Интересни се водопадите над самото езеро, кои задолжитлено треба да ги посетите.

Имено, изградени се во 1958
година во функција на помошна брана за да спречи надоаѓање на водите од планината. Но,
со текот на времето од надојдените гранки, камење и замја,
почнала помошната брана да се полни со почва и
лека полека се создал прекрасен водопад од дванаесетина метри. 
Хотелот располага со
24 соби од кои 3 се апартмани, ресторан, кафе бар, четири летни тераси, сопствен паркинг,
мини зоо и катче за деца.

Зошто нашиот тим ви препорачува задолжително да го посетите овој хотел?
Самото место шири спокој и мир. Боровата шума ги отвара градите, а
погледот кон природата и езерото ги остава секојдневните проблеми настрана. 
Идејата да работиш во природата не било никогаш досега поатрактивна. Одличната местоположба која нуди планинско пешачење, велосипедизам по планинаски патеки, прошетки и посета на знаменитости поврзани со обичајното, културното и историското наследство, активности за тим-билдинг програми, како и сите услови потребни за семинарски туризам.

Хотелот можете да го резервирате на: 071 222 655 или побарајте понуда на мејл [email protected]
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.