04.05.2023

Во Македонија се наоѓа колибата на Александров во која секојдневно се изработуваат вкусни видеозаписи

Во Македонија се наоѓа колибата на Александров во која секојдневно се изработуваат вкусни видеозаписи

Опколена со прекрасна густа шума на планината Плачковица, во близина на селото Лаки се наоѓа една мала скромна куќарка во која нашиот нов локален херој Иван Александров подготвува разни специјалитети од локални состојки и на таков начин го промовира туризмот во својот роден крај.

Приказната за alexandrovshut започнала да се развива на 800 метри надморска височина на местото викано Гиговица или Бигланска Нива.


Тимот на Кајак.мк стапи во контакт со Иван кој од денеска е дел од нашата листа на локални херои кои прават мали нешта од огромно значење за развојот и промоцијата на туризмот. Видеозаписите кои ги споделува Иван на инстаграм профилот alexandrovshut имаат цел да ги доловат сите моменти од приготвување на традиционална храна со локални намирници, а исто така има доста инсерти од самата природа која ја опкружува „Колибата на Александров“.


Самата планина и самите природни убавини коишто ги поседува овој предел на Македонија претставуваат еден „fast charger“ од динамичниот начин на живеење, вели Иван и додава дека планинаската колиба е стара половина век, поточно таа е изградена во 1972 година.

Колибата ја гради неговиот дедо, а денеска Иван има направено мали корекции кои му овозможуваат да поминува поголем дел од своето слободно време на планина.


Иван се надева дека во скоро време куќарката ќе може да се издава на авантуристите кои бараат мали и едноставни планински колиби изградени пред се од природни материјали, а каде ќе ја имаат слободата сами да приготвуваат храна, да планинарат или пак да бидат барем еден ден отцепени од динамичниот и напорниот начин на живеење.


Неговиот инстаграм профил можете да го најдете како alexandrovshut, а исто така и тимот на Кајак.мк во престојниот период ќе споделува видеозаписи кои ги изработува Иван.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.