18.11.2023

Ново рурално сместување во Мариово

Ново рурално сместување во Мариово

Сместена во долно маало во село Градешница во непосредна близина на чистата и живописна Градешка река се наоѓа уште една нова вила која од денеска е дел од светот на Кајак.мк, а која можете да ја резервирате онлајн со еден клик ОВДЕ.


Тимот на Кајак.мк е среќен што ја запозна домаќинката Снежана која ни ги отвори вратите за нашиот свет и ги покани сите наши патувачи и читатели да го посетат ова селце и да уживаат во нивното гостопримство.

Снежана вели дека нивната вила претставува одлично места за сите оние кои бараат спокој и природна убавина. Селото Градешница го преферираат оние гости кои бараат начин како да се изолираат од градскиот метеж и барем на неколку дена да одморат глава од работниот стрес.


Вилата располага со едно студио и огромна тераса. Студиото има три кревети што може да се каже дека ова сместување е идеално за еден пар или за едно семејство со две мали дечиња.


Градешница е едно од најпознатите села во Мариово ( Битолоско) кое се наоѓа во составот на Општина Новаци и е оддалечено 53 километри од Битола. Местоположбата на ова село е доста специфична, а тоа се гледа по фактот што Градешницата се наоѓа доста блиску до Општина Прилеп , а исто така и до државната граница со Грција. Во селцето има продавница која работи во текот на цела година, а ние ви препорачуваме дел од намирниците да ги набавите и до поголемите градови пред да тргнете накај селото. Селото е поврзано со градот Битола преку регионалниот пат 2338 и се наоѓа на надморска височина од 800 метри.

Повеќе информации, фотографии и опција за испраќање на он-лајн барање за резервација можете да добиете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.