12.08.2022
Нови модерни бунгалови идеални за дигиталните номади
Нови модерни бунгалови идеални за дигиталните номади
Можеби повеќето од вас кои работите он-лајн понекогаш сакате да ги спакувате вашите работни материјали и да побегнете од канцеларијата или домот во кои поминувате доста време извршувајќи она што и е потребно на вашата компанија.

За луѓето со такви копнежи, тимот на Кајак.мк е во постојана потрага по автентични скривалишта каде би можеле да уживаат извршувајќи ги работните обврски, но не во четири ѕида, туку опколени со зеленила.

Од денеска, во базата на Кајак.мк се допстапни нови модерни бунгалови кои се наоѓаат во Стар Дојран, а кои можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.

Домаќините кои ни ги отворија вратите за светот на Кајак.мк велат дека бунгаловите се распространети на голема дворна површина од 16.000 метри квадратни и со природна сенка. Просторот поседува сопствена плажа со лежалки исклучиво за гостите на бунгаловите, детско катче и скара.


Стар Дојран нам
ни е една од омилените гастрономски дестинации, храната во Дојран е сепак на
прво место. Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за
резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Marijan Markovski
16.08.2022 16:37
Kade se naogate
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.