07.12.2020

Вила на Беровско езеро која може да ја резервирате за снежните денови

Вила на Беровско езеро која може да ја резервирате за снежните денови

Тимот на Кајак.мк продолжува со надополнување на базата приватни сместувања во Македонија, а веќе ви најавуваме дека по Нова Година нашата база ќе се прошири и со сместувачки капацитети од соседните земји, но се зависи од состојбата со пандемијата. 

Додека талкаме и бараме сместување за Нова Година, би сакале да ве информираме дека скоро сите сместувачки капацитети на Кајак.мк се веќе резервирани за новогодишната ноќ, а многумина од нив се резервирани и за престојните празници во јануари. Како еко туристички агрегат за патување ве советуваме дека новогодишната ноќ може да биде заменета со некоја обична ноќ. Заедно со вашето семејство или најблиски со кои сте секојдневно. 

Како предлог дестинација, меѓу првите редови на нашиот сервер се наоѓа Берово, Беровското езеро и целиот регион. Дали знаете зошто? Затоа што Берово е град со највисока концентрација на кислород во воздухот на Балканот. Над Беровското езеро поминува еден од само 4 коридори со збогатено количество на кислород кои се среќаваат во светот, а кои ги има во Перу, Аљаска, Северна Индија и кои овозможуваат идеални услови за воздушна бања.

Замислете си како паѓа снег, облечени во вашиот скафандер, тапкате по снегот во јануарски или февруарски ден и се околу вас е тишина. Уживате во погледот кон Беровското езеро и на моменти слушате како паѓа снегот од некоја натоварена гранка. Има ли нешто поубаво? Хммм... можеби за дел од вас морето, но до него ќе почекаме уште половина година. 

Вилата која се наоѓа на Беровското езеро а која можете да ја резервирате е именувана како „Вила и апартмани Природа“. Таа се наоѓа во непосредна близина на патеката околу езерото. Вилата располага со огромен двор и со повеќе апартмани. 

Доколку сакате да погледнете фотографии од апартманите, повеќе информации за вилата, цени и контакт, кликнете ОВДЕ. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.