25.03.2020
Шведска без ограничувања за населението, ќе создава „колективен имунитет“
Шведска без ограничувања за населението, ќе создава „колективен имунитет“
Додека светот ја продолжува битката со корона вирусот, државите се изолираат и преземаат се построги мерки за заштита на граѓаните, многу полемики во јавноста отвори лежерниот пристап на шведските власти, стои на Канал5.
За разлика од повеќето земји од ЕУ – вклучително и нејзините нордиски соседи Данска, Норвешка и Финска – Шведска не воведе построги наредби за ограничувања на движењето и социјално растојание. И покрај тоа што до вчера регистрираа 2272 инфицирани лица со коронавирус, а 36 лица досега починаа Шведска моментално е единствената земја во која градинките и основните училишта се отворени, како и продавниците, рестораните и баровите, пишува Канал5.
Средните училишта и универзитетите изведуваат он-лајн настава, а забранети се јавни собири со над 500 луѓе. Властите препорачаа луѓето над 70 години да го ограничат контактот со другите, како најризична група.
Целта е да создаде т.н. „колективен имунитет“, и покрај ризикот од ширење на вирусот кај се поголем број граѓани, кои според владината стратегија треба подоцна да станат имуни на КОВИД 19. Ваквите мерки засега не ги плашат нашинците во Шведска и тамошните граѓани, вели за Канал 5, Петар Момироски кој 8 години живее и работи во Еслов, град во близина на Малме.
И додека Шведска ги очекува долгорочните ефекти од контроверзниот пристап, веста на денот дојде од кралското семејство кое соопшти дека принцот Чарлс е позитивен на корона вирус.
Од британската кралска резиденција „Кларенс Хаус“ во Лондон изјавија дека принцот има благи симптоми на болеста, „но останува во добра здравствена состојба“. Војвотката од Корнвол била тестирана на коронавирус, но нејзиниот резултат бил негативен.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Најдобрите филмови и серии за патување кои треба да се погледнат во моментов
7 начини како да патувате без напуштање на домот
Како е да живееш во карантин во Италија? Тројца италијани споделуваат приказни.
Сè што треба да знае еден патник за коронавирусот
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.