05.09.2022
Гевгеличаните кои од дива депонија создадоа рај покрај водопадот Вера
Гевгеличаните кои од дива депонија создадоа рај покрај водопадот Вера
Досега сме пишувале многу позитивни приказни, но денеска мора да признаеме дека нашиот тим е особено горд на приказната за гевгеличаните кои се вистински херои и промотори на локалниот туризам во село Серменин.
Фразата дека не сите херои носаат наметки, ја потврдуваат Ратка и нејзиниот сопруг Венци кои по потекло се од Гевгелија, но животната приказна ги поттикнала да се преселат во селото Серменин, каде одлучиле да изградат своја куќа во која ќе го поминат остатокот од животот.
Село Серменин се наоѓа во подножјето на Кожуф. Во седумдесетитте години оваа село започнало да умира, а младите да се иселуваат. Денеска на неговата територија растат многу нови живеалишта, викендици, а има и ресторани и приватни сместувања во кои може да ја дегустирате локалната храна. Селото Серменин е природна воздушна бања. Доколку прошетате по неговите улички ќе забележите дека во селото има многу дрвца ореви, за кои мештаните велаат дека е уникатен феномен. Исто така, интересен факт е дека во селото има 7 гробишта, секое маало има своја гробишта, а има две цркви од кои едната е на сред село, а другата е на околу 4 километри во живописна природа.
Низ селото поминува реката Белица, која поради својата бигорност создава сливни базени по течението. Во непосредна близина на реката, неодамна бил изграден новиот дом на Ратка и нејзиниот сопруг. За кој како што вели Ратка, одлучиле да биде овде, поради здравствените проблеми со кои се соочило нивното семејство.
Нашиот тим разговараше со Ратка која ни ја раскажа приказната за водопадот Вера и уникатната урбанизација која ја создаваат со свои раце и свои финансиски средства. Она кое ни остави најголем впечаток како информација е фактот дека дрвената патека, скалилата, оградата и осветлената патека до водопадот е во должина од 80 метри, што им биле потребни цели два месеци заедно со мајсторите Тоше и Борче ја остварат замислената идеја.
Проектот го започнале со неутрална изведба на скали и мост до водопадот, а потоа следувало бојадисување и уредување на просторот со клупи и масички.
Она кое мора да го напоменеме е фактот дека пред да се урбанизира оваа место, дел од месните жители го користеле како дива депонија и поради овие причини на Ратка и Венци им биле потребни месец дена да го исчистат од отпадоци.
На прашањето поради кои причини одлучиле да го урбанизираат местото, Ратка вели дека тоа го направиле со желба да остават белег во природата. Уредено катче, со сопствен труд, без никаква финансиска помош и со љубов кон природата е пример за тоа како треба самите да се грижиме за нашите природни убавини.
Ратка вели дека по струка не се архитекти, но со љубов
секоја идеја е остварлива.
Денеска, како што создале пристап до водопадот, така и самите се грижат за чистење на неговата околина. Тие се среќни што им овозможиле на локалните жители уште една атракција и место каде ќе може да појде секој и да ужива слушајќи го звукот од водопадот.
Тимот на Кајак.мк мора да потенцира дека Ратка и Венци беа контактирани од наша страна, без тие да изразат желба за публицитет. Ние како еко платформа и платформа која има цел да ги промоцира локалните херои кои прават мали нешта од огромно значење за туризмот можеме само да кажеме пофални зборови за ваквата иницијатива.
Порај пофалбите, мораме да апелираме до сите патувачи и авантуристи
кои ќе се одлучат да го посетат водопадот Вера, да внимаваат на своите деца, да
не се качуваат на мостото повеќе лица во исто време и најважно од се е отпадокот
да го ВРАТАТ ВО ГРАДСКИТЕ КАНТИ ЗА ОТПАДОЦИ, оти отпадокот нема нозе да се
врати каде што му е местото!
Коментари
-
Стојан Тарапуза
27.08.2023 07:53
Ова е вистински пример на фантастични луѓе кои ја имаат таа моќ сонот да го преточат во јаве. Секоја чест.
-
Ratka Mladenovikj
24.08.2023 11:06
Prekrasno,samo edno golemo BRAVO
-
Морена Митревска
24.08.2023 10:59
Прекрасно,секоја чест и големо БРАВО за градителите
-
Морена Митревска
24.08.2023 10:59
Прекрасно,секоја чест и големо БРАВО за градителите
-
Vidije Delev
15.04.2023 06:34
pozdrav do graditelite. poznato mi e mestoto. mojot vnuk Pajsij i brat mu Atanasij so pomos na Gospod i mestanite go obnovija i izgradija manastirot pogore od seloto. delo i mestani primer za zivot
-
Jadranka Misajloska
09.09.2022 14:14
Respekt
-
Андријана Апостоловска
07.09.2022 21:51
Prekrasno. Sakam da potegnam vakva inicijativa za koritoto na rekata Treska kaj Dolna Matka, mnogu e zapusteno, neiskoseno i gubre nasekade. Ovoj primer treba da go sledat od opstina Saraj.
-
Димитрије Бошнаков
07.09.2022 19:09
Немам зборови за свеста и вкусот на сопружниците. Јас имам направено паркче на бетонска подлога со отпаден материјал,права зелена оаза во бетонски простор.
-
Goran Markoski
07.09.2022 18:24
Luge, Me ostavivte VOODUSEVEN !! Se stavam ns raspolaganje za slicni akcii Golem pozdrav
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.

Дали знаете дека во Македонија се организираат Fly Fishing Тури?
Тимот на Кајак.мк е среќен што ваквите Fly Fishing Тури ги додава во својата база на туристички атракции, па не би сакале да слушнеме да речете дека во Македонија нема нови и уникатни атракции на кои можете да уживате.

Започнуваме со организирање на Рафтинг по Вардар или Црна Река
Рафтинг по Вардар и Рафтинг на Црна Река. Резервирајте авантура за цел тим.

Дали сте слушнале за ФИКА настаните кои се организираат во Скопје?
Идејата зад ФИКА е едноставна, но значајна: да се понуди креативно искуство во кое секој учесник може слободно да избере активност што му носи радост и внатрешен мир. Сликање со пастел и акварел, моделирање со самостврднувачка глина.

На Скопска Црна Гора отворен тренинг центар во природа
Центарот има затворен внатрешен дел со капацитет до 25 лица, како и надворешен простор до 40 учесници.