30.01.2024

Ако некогаш појдете во Битола посетете ја винаријата Чифлик

Ако некогаш појдете во Битола посетете ја винаријата Чифлик

За сите носталгичари по пролетта и оние кои со нетрпение го чекаат повторното зазеленување на природата се со цел да прошетат, тимот на Кајак.мк започна да ја спреми новата листа на гастро дестинации кои треба задолжително да се посетат оваа пролет.


Денеска ве водиме во винаријата Чифлик, која од денес е дел од нашата база на Гастрономија, а која можете да ја контактирате со еден клик ОВДЕ.

Прва многу битна причина поради која ви ја препорачуваме винаријата Чифлик е нејзината местоположба. Сместена е во падините на планината Баба или како што милуваме да речеме Пелистер. Идеална клима за летните денови, а доста пријатно место за уживање во текот на цела пролет.


Винаријата работи во текот на цела година. Оние кои ќе се решат да поминат викендот на ручек во винаријата, ние како туристичка платформа ги советуваме да го посетат и селото Брусник кое е проголтано од прекрасната природа. Селцето се наоѓа на надморска височина од 850 метри.


Фото: Bitola.info

Винаријата Чифлик е семејна винарија специјализирана во современото производство на вино со комбинација на традиционални рецепти кои семејството ги негува повеќе од 100 години.


Самата винарија има вински ресторан, прекрасни тераси и градии каде можете да уживате во вашиот ручек или вечера. Покрај ресторанот, самата винарија има вински подрум каде се одвива производствениот процес и просторија за дегустација на виното.


Точната локација, како и контакт број за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.