26.07.2021

Вила со базен идеална за друштвено уживање на зајдисонце

Вила со базен идеална за друштвено уживање на зајдисонце

Уживањето во вила со базен во периферијата на Скопје не е тренд кој постои од вчера, но можеме да кажеме дека во изминатите две години ги живее своите популарни денови.

До истиот заклучок дојдовме откако го запознавме нашиот нов домаќин Гаго, чија вила Day Off“ од денеска е дел од базата на Кајак.мк.


Ова вила е идеална за друшетвени уживања и собиранки чија намера е да го прослават животот и да се одморат од  градскиот хаос.

Вилата располага со приватен базен за разладување во летните денови, а нејзиниот капацитет е доста голем што може да ви овозможи да организирате мини свадба или било каква семејна прослава со вашите најблиски.


Куќата има мини детско игралиште со разни реквизити, паркинг за 3 автомобили пред влезот на вилата, а за повеќе автомобили има во непосредна близина на вилата.

Домаќините велат дека целта на постоењето на „Day Off“ е да им ги наполни батериите на скопјани од напорната работна недела и за моменто да им понуди чувство како да се на одмор на некоја позната туристичка дестинација.


Гаго вели дека гости доаѓаат од сите краеви на Македонија но и странски туристи кои се одлучувале да престојуваат во периферијата на градот.


Вилата располага со една спална соба со брачен кревет и уште една соба со два поединечни кревети на горниот спрат и големо купатило со тоалет. На долниот спрат се наоѓа голем седмосед кој е на развлекување. На долниот спрат се наоѓа и кујната, гостинско WC и тераса со поглед кон Скопје.

Доколку сакате повеќе фотографии и контакт за  резервации, кликнете ОВДЕ

Остави Коментар

Коментари

  • Borjan Ilkovski

    26.07.2021 19:29

    Interesno i kulturno mesto Pozitivno so ubava i mirna harmonija

  • Goran Dodev

    26.07.2021 16:20

    Местото е идеално за забава, уредувањето не е нападно истото е стилски изведено со доволно простор за забава, а сепак интимно. Ние сме задоволни од условите во кои престојувавме и еден ден од вашиот живот вреди да го поминете таму. Базенот е посебна приказна.......

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.