30.06.2021
Планински бунгалови кои може да ги изнајмите за престој
Планински бунгалови кои може да ги изнајмите за престој
После секој долг одмор, следно што се бара е краток одмор преку на планина. Тимот на Кајак.мк ве шета на различни дестинации во земјата и надвор од неа се со цел да ви ги даде сите информации за тоа каде може да го поминете престојното лето.
За туристите кои веќе се наоѓаат покрај езеро или море, ова е идеална шанса да резервираат викенд на планина, а преку нашата платформа ќе може да стапат во контакт со домаќините со само еден клик.

Денес сакаме да
ве запознаеме со сместувачкиот капацитет на планинарскиот дом „Љуботен“ кој се
наоѓа на 1620 метри надморска висина и на еден од наголемите планински масиви
во Македонија- Шар Планина. Ова сместување од денеска е дел од базата на Кајак.мк.
Ова уникатно
местенце располага со два типа на сместување:
- Поткровје кое што е една заеднична
соба со вкупно 20 единечни легла
- Бунгалови кои се вкупно пет а во нив има по два единечни кревети.

Во склоп на домот
има заеднички тоалет со туш кабина.
Пристапот до домот е возможен со теренски возила или пеш по
патека која што започнува од селото Старо Село. Со теренско возило се потребни
30 минути за пристугнување до домот, а времетраењето на движењето по
планинарската патека е 2 часа.
Селото Старо Село е на оддалеченост од 22 километри од градот Тетово.

Планинарскиот дом се наоѓа на половина од планинарската
патека која што води кон еден од најатрактивните врвови на Шар Планина – врвот
Љуботен. Врвот Љуботен се наоѓа на висина од 2499 метри, а е доста посетуван, поради неговата
маркантност и уникатност.
Љуботен е и почетната точка на западната Македонска траснверзала, која што започнува од тука и завршува во Охрид.

Во околината на домот има и неколку кратки, средни, долги и интересни тури (Ливадичко Езеро, Пирибег, повеќе бачила, Камче), а низ шумата и ливадите, посетителите може да си наберат и од познатиот Љуботенски чај.

Домот е најстариот планинарски дом во Македонија, кој што е изграден во далечната 1931 година. Планинарски клуб „Љуботен“ веќе неколку години работи на неговото реновирање и реконструкција, но и зачувување на автентичноста на старата изградба, за да се зачува вредноста и традицијата на 90 години од постоење на домот.
Доколку сакате повеќе информации, контат за резервација и фотографии кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.