25.12.2021

Престојувајте во куќа прогласена за културно наследство од 19-ти век

Престојувајте во куќа прогласена за културно наследство од 19-ти век

Кајак.мк значи патување, приказни, култура и историја. Нè радува фактот дека се повеќе домаќини ги отвораат своите врати за нашиот свет и дека се повеќе расте интересот кај патувачите да престојуваат на места каде што ќе може да добијат уникатно искуство и допир со историјата на областа.


Денеска, разговаравме со Симона, девојката која ги отвори вратите на „House of Sokolovi“ куќа која се наоѓа во стариот дел на Кратово, а која е прогласена за културно наследство бидејќи има типична македонска архитектура и е изградена во 19ти век. Куќата има интересна местоположба, практично виси над Манцева река и е една од највпечатливите куќи во Кратово. Реновирана е во 2021, а мебелот внатре е уникатен, рачно изработен од масивно дрво, без штрафење.


Без разлика што куќата е реновирана, задржани се сите одбележја на една стара традиционална македонска куќа. Прозорите се на нестандардна висина. Дневната се наоѓа на типичен македонски чардак, дворот е опремен со преубава клупа со маса, и преубав поглед на типични Кратовски куќи и Манцева река.


Симона вели дека куќата е на само 2-3 минути пеш од центарот на Кратово. Во соседството живеат постојани жители на Кратово, има семејни куќи, а на соседната улица се наоѓа црквата Св. Јован Отсечен.

Оние кои досега не го посетиле Кратово, совет на Кајак.мк е да го сторат тоа во секој период од годината. Градот има своја уникатна историја, а во него може да се најдат локални херои кои вреди да ги запознаете.


Во околината на Кратово се ноѓаат Камените кукли, Лесновскиот манастир, Кратовските Кули, планината Лисец и уште многу атракции кои може да ви го пополнат активниот викенд.

Доколку сте заинтересирани за повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Gordana Dodeva

    31.10.2022 12:44

    Mnogu ubav viken pominav vo Kukata na Sokolovi . Kratovo e prekrasen grad, lugeto prijatni, gostoprimlivi. Ako treba da se ostavi ocena od 1 do 10 Mojata ocena e 10 so ***

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.