23.10.2020

Ако немате викендот каде, појдете до Бродец

Ако немате викендот каде, појдете до Бродец

Вакво сонце ко што имаме надвор, е прлика за сите кои сакаат да чекорат по планински села. Има луѓе кои планините не им се толку голем предизвик, колку што им се планинските села и сосема ги разбираме. Разликата во тие луѓе е тоа што сакаат да сретнат некој селанец на улица и да им раскаже за селото, а камо ли да ги почасти со некое локално јадење. Не штедете пари за да им платите на локалнците да ви приготват храна или да купите нешто од нив.

Да не должиме многу, сакавме само да ве запознаеме со селото Бродец. Тоа е сместено на планината Враца, онаму каде што извира реката Радика. Селото е планинско и се наоѓа на надморска височина од 1.440 метри. Оддалечено е околу 35 км од Гостивар. Селскиот атар зафаќа површина од 138,2 км2, што го прави село со најголем атар на територијата на Македонија.

Селото е поврзано со макадамски пат од Кракорница, кој понатаму се спушта и ја премостува Аџина Река, по што се приклучува кон патот кој води до караулата Стрезимир.

Се претпоставува дека има одвај некој жител кој се уште живее таму. Затоа дефинитвно би им било мило на овие луѓе ако им го посетите селото. Зелено, еко пријателски. Понесете си со вас кеси за отпадоци.

Што може да се виде во околината:

Таму се наоѓа Бродечка Река која е лева притока на Радика и извира во југозападниот дел на Шар Планина.

Има цркви: Црквата на Св. Никола, Св. Петка, а и Бродечкиот манастир. Првата е главна селска црква, а втората е манастирска црква која се наоѓа во Бродечкиот манастир. Местото каде што е изграден манастирот се наоѓа во непосредна близина на извори на лековита вода, каде што во 1960-тите години била изградена импровизирана чешма. Изградбата на манастирот започнала во 2012 година со добротвотни прилози на луѓе кои потекнуваат од крајот и од претпријатија. Манастирот бил завршен во 2015 година и осветен од страна на Митрополитот г. Јосиф на свеченост одржана во август истата година.


ПОЈДЕТЕ ГО ГОДИВЈЕ И ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА БОЈАНА:

Бојана Ѓуровска развива нов туризам на нивите во село Годивје



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.