17.03.2021
Заедно со сопругата успеваме да ја промовираме традицијата во Кратово
Заедно со сопругата успеваме да ја промовираме традицијата во Кратово
Надвор пред
дворот на куќата „Шанчева“ мирно си спие мачката и го очекува секој нов залак
од вкусната храна која се приготвува во кујната. Во овој рустикален двор кој
сопственикот Стевче Доневски го уредува се со цел да го пренесе традиционалниот
начин на живеење во Кратово, владее мирот и спокојот.Foto: Leina Anneli
Стевче е човек кој вложил труд за да привлече туристи во градот. На Google може да се забележат еден куп фотографии од странски туристи кои ги споделуваат на профилот на етно куќата и кои се импресионирани од она што го добиле од гостопримството.
Foto: Anna
Господинот
Доневски со својата сопруга Валентина се одлучиле да купат стара рустикална куќа
која е изградена пред 300 години, а чии дотогашни сопственици биле познати
трговци на ткаенини во Солун и Дубровник.
По
реставрацијата на куќата, тие се одлучиле да ги задржат сите стари
традиционални елементи, како би можела ова куќа да зборува за минатото.
За семејството Доневски се слуша насекаде. Тие потекнуваат од селто Шлегово, чија семејна традиција на подготовка на специјалитети и рецепти е долга преку 250 години. Стефче и неговата сопруга Валентина веќе подолго време се дел од семејството на „Slow Food“, кои честопати организираат обуки за помладите генерации за начинот на подготовка на K’цаната сол, домашнот леб, погачата и специјалниот р’жан леб.
Foto: jan tatara
Куќата „Шанчева“ веќе одреден период ја изнајмуваат заинтересираните гости кои имаат цел да ја проучат традицијата во Кратово. Самите тесни сокаци кои водат до куќата, нејзината прекрасна местоположба, дрвениот под и таван, дрвените скали и деталите како традиционалната облека и приборот, тепсиите и антиквитетите се работите кои говорат за начинот на кој се живеело во минатото. Тоа е причината поради која многу странски туристи доаѓаат да престојуваат овде.
Она што ја прави толку привлечна куќата се вештите раце на госпоѓата Валентина, без кои раце ова куќа не би го имала комплетниот дух.
Ако Стевче е задолжен за прием на гостите, Валентина е задолжена за подготовка на прекрасни традиционални јадења како што е домашното сирење, салатата од свеж зеленчук која во зависност од периодот може да биде дирекно набрана од нивната градина, печени пиперки со оцет од грозје, традиционалниот грав, вртената баничка, сушениот зеленчук и секако к’цаната домашна сол.
Foto: Luis Barreto D
Прекрасни коментари за сопствениците пристигнуваат од сите страни на светот. Многумина велат дека тие се прекрасни луѓе со кои можете да наздравите со чаша вино и да направите добар муабет. Тие одлично го владеат и англискиот јазик, што преставува уште една предност во однос на привлекувањето странски туристи.
Foto: Louis Baretto d
Кратово е
одличен град за истражување. Може да посетите многу работи и да слушнете многу
приказни за ова место. Многумина го нарекуваат „музеј на отворено“.
Недалеку од градот се наоѓа локалитетот „Куклица“ . На овој локалитет може да надјте камени фигури кои според научниците се создадени уште пред 10 милиони години, кога се уште немало луѓе на планетата.
Foto: Louis Baretto d
Вертикалната ерозија на вулканските карпи создала "кукли" повисоки од десет метри, кои и денес доминираат во питомата околина. Со тек на времето природата од нив извајала ретки ремек-дела. Македонците веруваат во легендата за „Свадвата“ која вели дека овде се одвивала свадба на која младоженецот кој бил бескрајно заљубен во една девојка, решил да се ожени со друга, поради што разочараната девојка ги проколнила младенците и тие се скамениле. Без разлика дали верувате во ова, треба да се има предвид дека ваквата “свадба“ е заштитена од Министерството за животна средина на Македонија.
Нашата препорака е барем
еднаш во животот да го посетите Кратово. Малите градови се приказна сама по
себе. Пред заминување од градот не заборавајте да си купите локални ракотворби
или зачини. Ова е еден од најстарите градови на Балканот. Место познато како
град на мостови и кули.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во село Габрово се отвори нов агротуристички комплекс: Агрорај во срцето на Југоистокот!
Сместена во срцето на природата, Лоуисандро е приказна за враќање кон корените, создадена со многу љубов и визија.

Вака изгеда рајот во Македонија: Дрвени куќички на сама плажа и опколени со природа
Тимот на Кајак.мк постојано патува и истражува за да ги лоцира најубавите места каде што можете да доживеете незаборавен одмор во текот на пролетните и летните месеци. Едно од таквите места е овој прекрасен камп сместен на само неколку километри од Струга.

Започнавме со организирање на најдобриот лов на тартуфи во Македонија!
Лов на Тартуф во Македонија! Тури кои ќе ви променат мислењето за планината и моќта на планината

За првпат на Кајак.мк: Сместување во Богомила!
Апартман во Богомила. Нов и скоцкан апартман идеален за семејства и парови кои сакаат да ја истражат ова природа.
Дали сте слушнале за селото Издеглавје? Од денеска имаме сместување достапно за вас, токму во ова селце!
Во срцето на планините, само 25 километри од Охрид, се наоѓа пространа и убава вила во селото Издеглавје.

Апартмани во Преспа какви што ни требаа на секој од нас
Сместувањето се наоѓа во село Штрбово, што ви дава до можност да ги истражите и соседните села Љубојно, Брајчино, како и крајбрежјето на Преспанско езеро.