18.04.2021

Животните на нашата фарма се одгледуваат во 100% еколошки услови

Животните на нашата фарма се одгледуваат во 100% еколошки услови

Најмногу се радуваме на еко приказните поврзани со млади и амбициозни луѓе во Македонија. Луѓе кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот.

Кајак.мк ова 2021-ва година ќе се насочи кон истражување на детали, наместо истражување на поголеми туристички светски дестинации.

Намерата од вакви туристички приказни кои најчесто ги посветуваме на домаќините на објектите за изнајмување, угостителите, луѓето кои се љубители на активниот туризам и туристичките работници е да ја вратиме пред се довербата во човештвото и да ги поттикнеме сите да го ценат повеќе туризмот.

Денеска ви ја раскажуваме приказната на едно скопско семејство кое љубовта кон природата и животните го поттикнало да отвори фарма во близина на Матка. Тие произведуваат и продаваат продукти кои животните ги дават. Овде спаѓаат: Jајца од селски кокошки, јајца од препелици, козјо млеко, јогурт, кисело млеко, сурутка, сирење и сапуни од козјо млеко.

Нивната фамилија е ултрамедијална, со позитивно размислување и голема љубов кон животните и прирoдата. Градски луѓе кои растеле во Скопје и постојано биле опкружени со миленичиња.Уште од самиот почеток имале огромна поддршка од фамилијата, пријателите и нивните следбеници кои секојдневно ги стекнуваат на социјалните мрежи.

Matka Farm е лоцирана на место кое е идеално за одгледување на животни, со многубројни пасишта и изворска вода, каде пред се се нудат совршени и хумани услови. Она што е доста битно да се истакне е фактот дека животните се одгледуваат во 100% еколошки услови. Ова на нив им носи огромна побарувачка, а од друга страна огромно задоволство од купувачите.

Велат дека се фокусирани на брза и бесплатна достава, но најважно од се е добриот пласман.

Се надеваат дека интересот кај граѓаните да купуваат здрава храна со тек на време ќе биде се поголем, а воедно веруваат дека здравата храна ќе стане животна навика кај повеќето.

Овој начин на живеење и посветеност кон работата не е едноставен, велат тие.

Сите кои сакаат да работат и живеат на начин на кој тие го прават ова, главен услов треба да им биде љубовта кон животните и природата.

Остави Коментар

Коментари

  • Donald Rufus

    27.09.2021 16:47

    Hello, I am Donald Rufus from United State Of America. I urgently seek your service to represent and guild me in investing. All I want is an honest and reliable person who can be my partner in your country.Please email me for more details on. [email protected] Best regard Donald.

  • Zaneta Pavlovska

    24.04.2021 19:18

    Kade vo Matka sakam mleko i sirenje

  • Sokol Klincarov

    21.04.2021 20:27

    Ve molam za kontakt telefon

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.