12.06.2022

Дрвена куќарка во овоштарник која излегува на дива плажа на Охридско езеро

Дрвена куќарка во овоштарник која излегува на дива плажа на Охридско езеро

Денеска во базата на Кајак.мк додаваме уште една прекрасна дрвена куќарка која е уредена во рустикален стил, идеална за луѓе што сакаат да поминат повеќе време во природа, а сепак во близина на плажа и атрактивности. Ова сместување го препорачуваме на патувачи кои им треба мир, како и за родители со деца.


Куќарката има пристап до дива плажа која е со минимално уредување со цел да се сочува автентичноста. Пристап до неа има само низ овоштарникот во кој е стационирана куќарката или пак преку вода.

Убавата вест за љубителите на овошје е тоа што ќе може да уживаат во вкусовите на свежото овошје за време на бербата која трае од јуни до ноември, бидејќи овде може да се најдат различни сорти кои овозможуваат подолг период на застапеност на овошјето. А нема ништо повкусно од овошје набрано дирекно од дрво, нели?


Гостите кои ќе престојуваат во куќарката, имаат на располагање бавча со зеленчук, сезонско овошје кое можат сами да го наберат, како и пристап на дивите плажи кои се на 10 минути пеш низ овоштарник, а до кои може да пристигнат и со кола.


Куќарката е сместена во Divine Farm - овоштарник на брегот на Охридското Езеро која е веќе повеќе од една година дел од базата на Кајак.мк, а за која фарма можете да прочитате повеќе со еден клик ОВДЕ.

Во непосредна близина на куќарката се наоѓа манастирот Св.Наум и селото Љубаништа, 30-40 минути возење од Охрид, 5 минути од границата со Албанија и 15 минути од најблискиот град во Албанија-Поградец.


Доколку гостите побараат, постои можност за дополнителни активности, да се искуси животот на фарма, односно да се вклучат во секојдневните активности. Исто така постои можност за организиран разглед на Св.Наум, Охрид и Албанија со посета на Тушемиште, Поградец и Лин со лиценциран туристички водич се наплаќа дополнително.

Доколку сакате повеќе информации за куќарката, контакт за резервација и фотографии од внатрешноста, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.