15.11.2022
Престојувајте во селски ранч во Сладуево
Престојувајте во селски ранч во Сладуево
Одамна во базата
на Кајак.мк беше додадена една доста уникатна атракција во село Сладуево, а која
можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.
Денеска домаќинот Гоце не информираше дека располага и со сместувачки етно капацитет за оние кои сакаат искуството на село да трае подолго.

Ова е уште едно сместување на ранч кој тимот на Кајак.мк го додава во својата база. Имено за оние кои досега не слушнале, село Сладуево се наоѓа во Железник, во источниот дел на територијата на Демир Хисар, непосредно до патот Демир Хисар- Кичево или Крушево и до текот на Црна Река. Селото е на надморска височина од 635 метри, а од градот Демир Хисар до селото имате 4 километри.

Ранчот има
капацитет за 4 лица. Идеално сместување за семејства кои имаат мали деца и кои
сакаат да ги прошетат на село и да ги запознаат со животот на село.
Овој предел има
доста богата историја, а има и доста манастри кои треба да ги посетите.
Доколку сакате
повеќе информации за ранчот, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.