21.04.2021

Вила во Охрид чиј сопственик ги добива најдобрите оценки

Вила во Охрид чиј сопственик ги добива најдобрите оценки

Многумина велат дека какво ќе ти биде првото утринско кафе, таков ќе ти биде и денот. Некои сметаат дека утринското кафе на балкон со поглед кон езеро е главната причината за одличен ден.

Денеска во базата на Кајак.мк за сите љубители на ваквите погледи додаваме уште една вила која е покрај Охридското езеро. За да уживате во утринското кафе со поглед кон езерото, апартмани „Смаќоски“ е одлилен избор.

Домаќинот Методиј Смаќоски, ќе се погрижи за одличниот престој. Многу од гостите на вилата велат дека доколку еднаш престојувате во овој објект, ќе се вратите повтороно. Гостопримството што ќе го добиете е главната причина за да го засакате „Смаќоски“ како ваш втор дом. Квалитетот на услугата и добрата репутација насекаде се слуша, барем тоа го заклучивме од препораките кои постојано ги читаме од странските туристи.

Ова сместување е идеално и за активен туризам.
На 50 метри од вилата се наоѓа главнотно шеталиште во Охрид. Месеците април и мај се одлични за прошетка покрај езеро бидејќи дефинитивно ќе ве олабави од стресот. Кадмо и Куба баровите се 300 метри оддалечени од вилата, а на 9 минути пешачење се наоѓа центарот или стариот дел на градот, каде можете да посетите дел од рестораните, меаните или суверниците кои се наоѓаат во стара чаршија.

Охрид на повеќето од вас ви е добро познат, па затоа ќе се заддржиме на планината Галичица.
Овие природни убавини со карактеристичен животински свет се наоѓаат недалеку од самата вила. Со самиот факт дека Галичица е прогласена за национален парк, ни укажува на тоа дека ќе можеме да практикуваме активен туризам како
: Велосипедизам, пешачење или планинарење. Наш совет е да го дочекате зајдисонцето на Галичица бидејќи нуди извонреден поглед над градот Охрид.


Без разлика кој период од годината ќе го посетите градот. Топлото време дополнително ја збогатува палетата од активности. Тимот на Кајак.мк ве потсетува дека можете да се консултирате и со домаќинот Методиј Смаќоски кој со задоволство ќе ви даде насоки на тоа што да посетите.

Aпартманите „Смаќоски“ се лоцирани во мирниот дел на градот. На 9 минути пешачење се наоѓа центарот на Охрид или стариот дел на градот. Во близина на куќата се наоѓаат најдобрите ресторани, пицерии, пабови и ноќни клубови. Па доколку сакате да престојувате кај Методиј, дознајте повеќе информации за сместувањето со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Кајак.мк

    25.04.2021 13:34

    Почитуван господине Крунослав, тоа е одлука на сопственикот на вилата. Наше е да го споделиме тоа што тој досега го има сработено. :)

  • Krunoslav

    25.04.2021 12:28

    DA SE TOA VO RED. NO SUM BIL I JAS.. NO DALI PONEKOGAS G-DIN,, SMAKOSKI,, KE NE OOCASTI SO EDEN VIKEND ZA DVAJCA,, KAKO NAGRADNA IGRA, BIDEJKI SE OVA HORENSPISANOVO E VO RED. NO IMA MNOGU KOI NE MOZAT DA SI DOZVOLAT.POZZ

  • Dragan Koshinovski

    21.04.2021 21:46

    Преубаво е навистина. Повеќе од 13 години кога одам во Охрид престојувам во апартмани "Смаќовски". Локација ТОП. Гостопримство ОДЛИЧНО. Цена ПОВОЛНА

Прочитајте повеќе

Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата

Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.

Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување

Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.

Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат

Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.

Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство

Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.

Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?

Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.

Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период

За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.