06.05.2022

Организираме планински велосипедски тури на Јабланица, Караорман, но и Галичица и Стогово

Организираме планински велосипедски тури на Јабланица, Караорман, но и Галичица и Стогово

Денеска во светот на Кајак.мк ни се приклучува група ентузијасти велосипедисти и љубители на природата, кои својата организација ја именувале како Rupicapra MTB Struga“.

Кајак има чест да ве запознае со новите локални херои со кои можете да се дружите доколку стапите во контакт преку нашата база „Каде Овде“ или со еден клик ОВДЕ.


Виктор Паун, Даниел, Дуле Шутин, Дејан Ришо, Дејан Наумоски и Зоран Стрезоски се дел од хероите велосипедисти кои неуморно ја промовираат убавината на западна Македонија. За Кајак велат дека нема шумски патеки што не ги знаат, а нема ни значајни места кои се наоѓаат на локалните планини кои ги немаат посетено.

Како група веќе одредено време се занимаваат со организирање на локални тури со велосипеди за патувачите кои имаат сопствен велосипед.

Нивните тури најчесто ги организираат на планината Јабланица и Караорман, но често се среќаваат и на Галичица и Стогово.


За нив возењето МТБ по поранешниот воен пат преку караулата Три Шилка е вистинска авантура, а која тура често знаат да ја препорачат.

Кајак се обиде да побара објаснување на турата, со што го добивме следното инфо:

Најпрво по асфалт групата се искачува до Вишни (1040мнв) па од тука почнува искачувањето по шумски пат до ,,Три Шилка" (1500мнв) и спуст покрај границата со Албанија до граничен премин Ќафасан. Од Ќафасан спустот продолжува по шумски пат до селото Радожда. Она што заведува по целиот пат е панорамата кон Охридското Езеро и Струга.


ТУРА БРОЈ 2: МАЛЕСИЈА

Вистинска атракција за МТБ бајкерите е возење по сите села во областа Малесија која се протега на западните падини на планината Караорман и е една од најживописните области.

Возењето до таму води прво до хидроцентралата Глобочица, на околу 30км од Струга по асфалтен пат. Од централата (600мнв) почнува искачувањето по off road пат, покрај селата Селци и Буринец до Локов (1350мнв). Од Локов исто по земјен пат патот продолжува преку 'Ржаново до Зб'жди па од тука почнува асфалт, преку Присовјани, Мислодежда и назад Струга


 ТУРА БРОЈ 3: ЛАБУНИШКИ БАЧИЛА

Лабунишките бачила се наоѓаат на планината Јабланица, 6км од селото Лабуништа (4км асфалт и 2км тампон). При самото искачување на Лабунишки бачила ќе ве обземе фасцинантна глетка која ќе ве остави без зборови. Над бачилата на 2.5км се наоѓаат двете Лабунишки езера на 1930мнв. Преку Лабунишките езера се стигнува до Подгоречкото Езеро, па Подгоречки бачила и во селото Подгорци.

Едно од повозбудливите МТБ возења на планината Јабланица е возењето до селото Лакајца на околу 1300мнв. Од асфалтниот пат до селото има 10км off road патека идеална за МТБ. Оваа година за сите авантуристи ќе се организира рута Струга-Лакајца-Лабунишки бачила-Струга.

 

Вистински предизвик е возење планински велосипед до Вевчанска локва и голина која се наоѓа на околу 1700мнв. Во пролетните и летните месеци масовно се посетени од мтб бајкери, планинари и вљубеници на природата. За мтб бајкери има две рути, преку Г.Белица и преку Вевчани (Црвен кладенец).

Доколку сакате контакт од друштвото и повеќе информации, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.