08.04.2024
Стартува нова Авантура на Осоговските Планини: Возбудливи ATV Тури за групи од 6 до 10 лица!
Стартува нова Авантура на Осоговските Планини: Возбудливи ATV Тури за групи од 6 до 10 лица!
Со доаѓањето на пролетта и првомајските празници, новата сезона на ATV турите на Осоговските планини носи невидена возбуда и авантура. Почнувајќи од 1-ви мај 2024 година, вашиот пат до незаборавни искуства тимот на Кајак.мк го надополнува со нов предизвик на Осоговските Планини.
| Цените на турите можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ. |

Заедно со M Adventures започнуваме со организирање на разни АТВ
тури кои може да траат од еден час до целодневно истражување. На ваквите АТВ
тури може да се пријават групи од 4 до 10 лица, а за секој од присутните има
обезбедено кацига и видеозапис со GoPro.
Искуството се збогатува со професионално снимени моменти од вашата авантура, меморирани со дронови и професионални апарати.

За оние кои сакаат да продолжат со авантурата, понуден е и кампинг пакет со целосно опремени шатори, удобни лежалки и сè што е потребно за идеално кампување под ѕвездите. Комбинирајте ATV возење со кампување и заштедете, додека уживате во природата и авантурата.

Турите ќе ве носат низ живописните локации на Осоговските
планини, како што се Св. Јоаким Осоговски, Калин Камен, Руен и Царев Врв. Турите
започнуваат од Крива Паланка, каде што авантурата добива ново значење со секој
чекор напред.
Максималниот број на лица кои може да бидат во група е до 10
луѓе, каде секоја авантура е прилагодена на вашите желби и можности.
Повеќе информации, фотографии, цени и опција за он-лајн резервација
ќе најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.