13.12.2022

Предлог викенд гастро дестинација на југот на Македонија

Предлог викенд гастро дестинација на југот на Македонија

Уште една гастро станица ни се приклучува во базата „Гастрономија“. Денеска тимот на Кајак.мк ќе ве запознае со домаќините Кристијан и Миле кои ја градат приказната на рибниот ресторан „Елита“ кој се наоѓа на југот од државата.


За оние кои се уште не слушнале за рибниот ресторан, треба да ги имаат предвид следните информации:

Рибниот ресторан се наоѓа на патот помеѓу Богданции- Дојран, на 7 километри од Богданци. Отворен е 2005-та година и опстојува до ден денеска.


Она што го прави уникатен ресторанот е самото езерце кое е изградено на коритото на постоечката река „Луда Мара“, а кое е наследство на повеќе генерации на фамилијата Тодорови и е симбол за успешност во работата.


Фамилијата Тодорови од Богданци кои менаџираат со ресторанот успеале да ја пребродат пандемијата од Ковид-19, да се соочат со најголемата криза и да му пркосат на фактот дека во Македонија има мал број на успешни приказни.


Денеска, гостите во ресторанот може да вкусат свежа риба, а овде спаѓаат: крапот, пастрмката, лососот, бранцин и орада, додека од скара може да се вкуси речиси се што имаат и останатите ресторани.


Како специјалитети на кујната се издвојуваат „Млечка од Крап“ и „Димен Крап“ кои ги подготвува ресторанот. Димениот крап се прави во специјална просторија на дрва од слица, брест и даб. Воедно треба да знаете дека фамилијата Тодорови повеќе од 100 години произведува домашна ракија, мастика, црно, бело и розе вино кои може да се дегустираат во ресторанот.

Внатрешниот дел е со капацитет до 55 гости, додека пак летната тераса е за 70 гости.

Доколку сакате да ја погледнете точната локација и да стапите во контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Laze Arnaudov

    15.12.2022 08:52

    Sme naminale mnogu pati..mestoto e zakon, so odlcni domašni proizvodi. Najdobri pozdravi

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.