19.03.2022
Организираме семинари и настани во природа, тоа ги прави среќни нашите гости
Организираме семинари и настани во природа, тоа ги прави среќни нашите гости
Неделниот ден ни започна со чаша добро кафе во Еуро хотел Градче, чиј двор го грее сонце во текот на целиот ден. Ова ни помогна да ја нахраниме нашата кожа со витамин D кој ни е очајно потребен. Така да за оние кои го бараат раното сонце, треба да знаат дека дворот и балконите на хотелот се вистинскиот избор за вас.

Зимата околу хотелот полека си заминува, а ни доаѓа прекрасниот период од годината кога секој сака да отпатува некаде. Причините поради кои ние отпатувавте во хотелот се повеќе од јасни. Хотелот е единствен објект покрај езерото кој нуди доста активности за максимално искористување на слободното време.

Густа шума која води до водопадите, велосипедите кои може да ви ги изнајми хотелот, а со кои може да ја истражувате околината или пак кајаците со кои можете да ја истражувате браната се само дел од активностите кои го прават хотелот идеален за престој во пролетните месеци.

На кафе ни се придружи и Наташа со која
разменивме по некој лаф-муабет
за годината што ни измина. Таа вели дека памденијата го направила своето, а ни
донесе и некои нови стандарди во туризмот.
Гостите коишто некогаш ги немало во месец февруари, сега се присутни во текот на целиот месец и уживаат во спокојот кој го нуди овој предел. Реновираните соби и прекрасниот поглед од нивните балкони, говорат дека хотелот е идеален за бегство од хаосот.

Искуството од изминатата година покажало дека хотелот е омилена локација за одржување на семинари во природа, надвор од сите гужви, каде природата им дава инспирација на многу од присутните да се вложат во процесот.

Оние кои за првпат се запознаваат со Еуро Хотел Градче, треба да знаат дека хотелот се наоѓа на 6 километри северно од градот Кочани. Лоциран е на околу 600 метри надморска височина, која е уникатна местоположба за одмор и релаксација. Хотелот се наоѓа покрај езерото Градче, кое можете да го користите за кајакарење, во околината може да се вози велосипед, прошетки или џогирање, а може и пак риболов, во зависност од сезоната.

Ова е нашата главна причина поради која решивме викендот да
го поминеме во овој хотел. Доколку сакате и вие да престојувате овде, повеќе
информации за престој, фотографии и контакт за резервација можете да најдете со
еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.