10.02.2021

Ја промовирам убавината на Македонија на кинески јазик

Ја промовирам убавината на Македонија на кинески јазик

Живеев во главниот град на Кина скоро 10 години и доживотно ќе бидам благодарна за необичните искуства кои ги стекнав таму, вели Симона Спирковска која за нас е позната како „девојката која ја промовира Македонија на кинески јазик“.

Позната по своите видеозаписи кои ги споделува на социјалните мрежи, нашиот тим не би останал рамнодушен доколку не разговараше со неа и да ни го раскаже мотивот на нејзината работа.

 

Симона вели дека целта од споделувањето на видеата од разни градови и локации ширум државата е да ја престави Македонија и нашата култура пред своите пријатели кинези и сите оние кои ја следат. Со нејзиното искуство сака да придонесе кон доближување на овие две различни култури. Воедно сака да ја пренесе автентичната енергија, култура, историја, природни богатства и начинот на живеење во Македонија.

На некој начин имам цел ги поттикнам кинезите да истражуваат повеќе за Македонија, вели Симона. На овој начин би потикнала соработка, а и развој на туризмот во Македонија кога се во прашање кинески туристи.

Видеозаписите ги забележуваат и луѓе кои ја имаат посетено Македонија а со кои е во постојана комуникација за идна соработка.

Кинезите кои биле во Македонија имаат позитивни впечатоци од нашата култура, традиција и природна убавина, додава Спирковска. Тие се воодушевени од храната, добрите временски прилики, и чистиот воздух.

Кинезите кои го пробале црвениот патлиџан набран од градина, се уште се сеќавале на вкусот, вели Симона. Нашиот патлиџан ги потсеќа на  вкусот на кинескиот патлиџан во шеесеттите години. За нив свинското месо е многу поефтино во Македонија, а и сите други меса им се многу вкусни.

 

Интересно е што не може да направат разлика помеѓу големите и помалите градови во Македонија. На пример за нив Скопје и Прилеп се исто. Но ги обожаваат градовите, хармонијата помеѓу народот и фактот дека луѓето ги вреднуваат фамилијарните вредности.

Симона живеела во Пекинг скоро 10 години, каде го учи јазикот, завршува додипломски и постдипломски студии. Има прилика да работи и да го научи начинот на кој функционира животот во Кина.

 

За неа Кина е втор дом, а се надева дека конекцијата помеѓу Македонија и Кина допрва ќе се гради. Кина е земја која има многу вредности и културни богатства. Со нејзиното враќање во Македонија, таа држи и часови по кинески јазик на сите оние кои се заинтересирани да научат. 


Доколку сакате да го погледнете последното видео од Симона каде раскажува за Охрид, кликнете ОВДЕ

Доколку сакате да разговарате со Симона и да се информирате за тоа каде би можеле да го изучувате кинескиот јазик, тогаш јавете се на: 076 639 227

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?

Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации

Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.

Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф

Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!

Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.