18.07.2022
Ранч со базен и животни за добро друштво
Ранч со базен и животни за добро друштво
Она што постојано настојуваме ние во Кајак е да ви докажеме дека и во Македонија има уникатни и несекојдневни места кои можете да ги посетите, да слушнете нови приказни, да уживате на поинаков начин од оној досега вообичаениот.

Нашата локална хероина Марија Дуда, за која сме зборувале и трубале многупати, секогаш е позитивна да сподели нови моменти со нас и да нè освежи со новитети во нејзиниот ранч.

Ако Мариjа на почетокот ранчот го стартуваше со неколку животни, денеска во простран двор може да се најде една цела “војска“ преслатки животни со кои можете да уживате покрај базен, да ги галите додека читате книга, да ги храните додека и вие ручате во дворчето и ред други активности.

Приказната на Марија допре до многу наши патувачи, Многумина од нив ја прифатија приказната каква што сака Марија да ја раскажува, со фокус на љубов кон животните, природата и секако активниот туризам.

Ранчот на Марија се наоѓа во околината на Ранковце, веќе повеќе од една година е дел од нашиот свет, а досега сме организирале и тим-билдинг каде Марија се покажа како одлична домаќинка.
Најважно од се е гостите кои ќе се одлучат да присуствуваат овде да бидат
љубиели на животни или со еден збор да ги сакаат животните.
Овде животните слободно се шетаат, уживаат, се дружат со гостите, овде ранчот е свет во кој сите се еднакви.

Она што особено ни е драго е фактот дека Марија организира отворени денови за сите ранливи категории граѓани, деца со посебни потреби и деца кои заслужуваат да бидат среќни кога се во придружба со животните. Тоа е факт што за нас ранчот „ The Countryside“ е вистински општествено одговорен ранч.

Дали би замислиле еден ден покрај барот каде се служат
пијалоци, уживање во базен, а околу вас козите љубопитно набљудуваат како да ви
го испасат „Мохитото“? Доколку сакате повеќе информации и контакт за
резервации, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.