06.10.2021
Резервирајте ја вила на Маврово со романтичен двор и поглед кон езерото
Резервирајте ја вила на Маврово со романтичен двор и поглед кон езерото
Ни доаѓаат златните денови за престој на Маврово. Нема ништо поромантично од есен, греено вино, топло кафе, златна природа и прошетки по планинските патеки.
Но она што исто така е доста битно за комплетно бегство е сместувањето. Од тие причини тимот на Кајак.мк ве запознава со Cece’s Home која е дел од базата на приватни сместувања на Кајак.мк

Вилата „Cece's Home“ е иделано скривалиште за младите брачни парови кои бараат начин како да ги одведат своите деца на чист воздух далеку од градскиот метеж.
Cece's home претставува совршен спој на дрво и камен, модерното во спој со рустичното. Вилата располага со дневен престој со незаменлив панорамски поглед кон Мавровското езеро, кој за момент може да ви го одземе здивот, како и целосно опремена кујна, тоалет, и две спални соби со капацитет од 6 лица. Сите свои содржини што ги нуди овој интимен комплекс, го прават совршено место за бегство од вашето секојдневие.

Вилата се наоѓа недалеку од ски центарот, а во непосредна близина на Мавровски Мерак каде може да уживате во локалните специјалитети.
Маврово се покажа како добар организатор на летните активни одмори, а за преку зима има доста атракции кои ќе ви го привлечат вниманието.

Без разлика дали имате авантуристички дух или пак сакате да се релаксирате во вилата, нема да згрешите доколку го посетите Маврово.
Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.