24.05.2021

Побегнете во оваа вила на 1400 мнв и изолирана со борова шума

Побегнете во оваа вила на 1400 мнв и изолирана со борова шума

Дечки, ни доаѓа лето! Пандемијата ја губи битката, бројот на вакцинирани расте, а со тоа ни се најавува една добра летна сезона. Дел од македонските туристи одморот ќе го поминат покрај вода, а дел ќе побегнат на планина. Ние ги оправдуваме и едните и другите, бидејќи секој заслужува да патува на начин на кој ужива. За престојната сезона, јасно ни е само едно, а тоа е фактот дека никој не би посакал да остане во градот за време на летните горештини.

Тимот на Кајак.мк активно ја ажурира базата на приватни сместувања во која има преку 160 сместувања, а кои можат да ви понудат бегство флексибилно според вашите можности.

Побегнете на планина, а од планина резервирајте престој покрај езеро, за од таму да појдете на неколку дена на море. Целта на Кајак.мк е да ви овозможи да направите комбинација од авантуристички патувања со посета на повеќе дестинации.

Една од тие дестинации која ние ви ја препорачуваме за престојното лето е „Калин Камен“.

Денеска разговараме со домаќинот Константин Стојановски, чија вила се наоѓа недалеку од Калин Камен и од манастирот Јоаким Осоговски.

Вилата на Константин е идеална за луѓето кои бараат планина, чист воздух, мир и тишина. Таа е опколена со густа борова шума и без никој  во блиското соседство.

Константин вели дека резервации добива од луѓе работат напортно и постојано се изложени на сонце. Луѓето кои пак работат онлајн, се одлучувале да ја “преселат“ својата канцеларија на планина, макар и на едена седмица.

Вилата е идеална во текот на цела година. Во зима има прекрасна снежна идила, а преку лето нуди можности за шетање низ шумата, посета на Станечките водопади и езерото кое не недалеку од сместувањето.

Ова езеро се наоѓа на 1400 метри надморска височина и е одлично за фамилијарни излети.

Во непосредна близина на вилата се наоѓа детски парк, спортски игралишта, ловечка куќичка, букова шума, прекрасни ливади и една голема карпа која месното население ја нарекува Калин Камен. Токму таа карпа е причината заради која илјадници туристи пешачат цели 4 часа.

Константин е домаќин кој им стои на располагање на сите гости кои се заинтересирани за регионот. Тој вели дека до неговата вила се престигнува со автомобил, а доколку им треба на гостите повеќе информации за регионот ќе ги добијат лично од него.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации за вилата, фотографии и да  стапите во контакт со Костантин, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Христина: „Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“

„Јогата ме подготви, но планината ме разбуди“ – Христина ни ја раскажува својата моќна приказна за трансформацијата, внатрешниот мир и зошто вистинската слобода се наоѓа само во движењето низ природата.

Secret Santa со срце: Поддржете локални производители оваа зима

Откријте како Secret Santa подароците можат да бидат уникатни и со душа – рачно изработен сапун, мед, свеќи, домашна ракија и други локални производи кои ги израдуваат и поддржуваат креативците.

Пониква го доби најуникатното сместување досега!

Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк

Зимски активности во Македонија

Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.

Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија

Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.

Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово

Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.