18.03.2022
Приватен апартман во Банско достапен преку цела година
Приватен апартман во Банско достапен преку цела година
Патувачите кои веќе подолго време ја користат платформата на Кајак се со цел да добијат информации за разни сместувачки капацитети во земјава и странство, ја ценат нашата заложба и нашата посветеност во изнаоѓањето на сите детални информации за сместувачкиот објект кој го огласуваме. Нашиот труд ни помогна да започнеме да се прошируваме со сместувачки објекти кои се надвор од границите на Македонија.

Денеска сме среќни што за првпат во историјата на Кајак.мк огласуваме сместување во Бугарија. Станува збор за уникатен апартман во Банско, чија домаќинка Ивона вели дека е достапен за резервации во текот на цела година.
Ивона за себе вели
дека сака да патува и да открива нови места, затоа смета дека Банско е регион
кој секогаш нуди нешто ново.
За оние кои го
немаат посетено Банско преку летниот период, треба да знаат дека ова гратче нуди
многу активности. Почнувајќи од тури до езерото Муратово, врвот Муратов,
езерото Безбог, врвот Вихрен и многу други локалитети. За оние кои не се љубители на
планинарењето, може да го стартуваат автомобилот и да појдат до колибите на пикник,
а на само 200 метри од хотелот има и можност за јавање на коњи, а пак недалеку
од градот можете да ги посетите мечките кои танцуваат.

Ивона го дели истиот мислење како тимот на Кајак, таа е посветена на промоција на активниот туризам и придобивките од него. За Банско вели дека повеќето го познаваат по скијањето, снегот и зимата, а од тие причини нејзина цел е да им докаже на македонските патувачи дека Банско е совршен во текот на цела година, особено на пролет и лето кога има доста атракции што може да се искористат.

Таа ни сподели фотографии како предлог активности кои може да се уживаат во текот на летната сезона во Банско. Од планинарење, возење велосипеди, забавни активности во природа и уживање во спа центарот.

Во склоп на апартманот:Green Life- Bansko гостите имаат на располагање ресторан, фитнес центар, бар, внатрешен и надворешен базен и сауна, а исто така има и адреналински парк кој може да го користат децата.

Апартманот е
идеален за еден или два пара или семејство со две деца. Располага со една спална соба и
дневен престој во кој може да престојуваат деца.
Доколку сакате
повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација,
кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.