21.12.2022

Произведувам 100% природен маџун без додатоци од шеќер, адетив и конзерванси

Произведувам 100% природен маџун без додатоци од шеќер, адетив и конзерванси

За да се произведе квалитетен маџун, најважно од сѐ е да имаме квалитетно грозје. Важна улога игра сортата грозје, шеќерноста на грозјето и секако начинот на преработката. Со ваквите зброви Ангела започна да ни расажува за процесот низ кој поминува маџунот. Со еден збор од нива до тегла здрав залак.

Маџунот денеска се смета за еден од главните прехрамбени продукти кои мора секое семејство да ги има во својот дом. Затоа ние од Кајак.мк, решивме да ви овозможиме да нарачате и купите маџун од едни од најдобрите производители во Македонија. Нејзината продавница од денеска е дел од бакалницата на Кајак.мк и истата можете да ја погледнете со еден клик ОВДЕ.


Неготинскиот маџун кој таа го произведува има долга приказна. Ангела раскажува дека причината која ја поттикнала да отпочне со производството била пред сѐ долгодишната семејна традиција на одгледување лозови насади, а после сѐ ниските откупни цени на грозјето. Барајќи најчин како да креира своја иновативна идеја и да му даде дух на суровото семејно производство, Ангела се одлучила за производство на маџун.


„Кога ќе се спомене грозје и преработки од грозје, секој помислува на вино или ракија, но од грозјето се произведуваат и други прехрамбени производи кои се многу здрави за конзумирање и зајакнување на имунитетот. Таков е маџунот“, вели таа.


Се има своја напорна процедура. Ако мислите дека има нешто квалитетно кое е лесно се произведува, тогаш грешите. Ангела вели дека маџунот е само резултат од напорното работење на нива. За да имаме добар маџун потребно е добро грозје, кога веќе имаме квалитетно грозје започнуваме со негово мелење се додека не добиеме гроздов сок, односно шира. Потоа продолжуваме кон цадење на ширата и ја оставаме да се вари околу 48 часа на одредена температура се додека не ја добиеме потребната густина на маџунот.

Сето ова Ангела вели дека е 100% природно без додаток на шеќер, адетиви и конзерванси. Ако има нешто кое за неа е најбитно, тоа е нејзиниот маџун да биде лек кој ќе им помогне на сите што ќе го купат. Маџунот е добар за зајакнување на имунитетот, крвта, лек за настинки и инфекции на дишните патишта, лек за црниот дроб, се бори против холесторолот, делува антиканцерогено, а помага и за прекумерена тежина.


Оние кои сакаат да го користат треба да знаат дека се конзумира од една до две лажички во денот, наутро и навечер. Може самостојно или растворени во вода, чај, млеко или сок.


Ова е прв производ на Ангела, која како член на Националната федерација на фармери вели дека постојано учи и се надоградува со нови знаења. Најголема поддршка и е нејзиниот сопруг, нејзините родители и семејството.

Купете од нејзините производи, погледнете ги со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.