01.07.2022

Престојувајте во вила на 1600 метри надморска височина

Престојувајте во вила на 1600 метри надморска височина

Уште едно уникатно сместување за луѓето вљубеници во планината, активниот туризам, планинарењето, чистиот воздух и добрата храна. Домаќините кои прифатија да ги отворат вратите за патувачите на Кајак.мк велат дека вилата е идеално место за одмор во потполно мирно и зелено опкружување на сончевата падина под врвот Љуботен. Домаќинската атмосфера во вилата и мирот кој зрачи претставуваат идеално место за сите кои бегаат од секојдневниот и брзиот ритам на живот во поразличен и поопуштен свет. Мирот и незаборавниот поглед во текот на сите годишни времиња ги привлекува гостите, велат домаќините.


До вилата се стигнува од Тетово до Старо Село по асвалтен пат, а од Старо Село до домот по макадам пат и маркирана патека која започнува од информативната табла во селото. Што значи дека доколку сакате да престојувате овде и да уживате во апсолутната слобода, ве чека доста авантуристички пат. Вилата се наоѓа на 1600 метри, истата е комплетно опремена почувајќи од паркинг, четири спални соби, три купатила, две кујни, две трпезарии и дневен престој со TV. Со еден збор се што е потребно.


Во оваа вила, утринското кафе може да го пиете во друштво со планините, под дебела сенка да се ладите со егзотичен коктел, а кога вечерате, над вас моќно ќе бдее Љуботен.


Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕЗа оние кои им ги разгоривме страстите да го посетат, а можеби и искачат врвот Љуботен треба да знаат.


Љуботен е висок 2499 мнв. Иако не е највисок врв на Шара, поради своите црти и поради издвоеноста од другите, тој е највпечатлива шарпланинска точка, и еден од најубавите врвови на Шара. Поради својот облик на пирамида, и поради својата забележливост од сите страни и од поголеми далечини, за Љуботен се искористени многу епитети – тој е моќен, грамаден, величествен, импресивен, кршен, горд, волшебен...Ова доволно зборува за него. Од исток и југ тој е богат со шума, а над самиот шумски појас од двете негови страни се простираат големи пасишта. По неговите висини се движи царот на висините и неговиот чувар Љуботенскиот див јарец.


На југозападната страна, веднаш под врвот, се наоѓа најголемиот каменест варовнички сипар на Балканот во Македонија и пошироко, а во него се издигнува величенствената Козја Карпа.


Од Љуботенскиот масив се формираат неколку реки: Јажиначка, Страшка, Глобочичка, Љуботенска, Мала Река итн... Под самиот врв, се наоѓа и туристички објект – односно ВИЛАТА ЉУБОТЕН. Од овој објект, искачувањето до самиот врв трае околу 2 ипол часa. Треба да се спомене дека од овој објект односно ВИЛАТА, освен за до врвот Љуботен, е стартна точка и кон Ливадичкото езеро.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Пониква го доби најуникатното сместување досега!

Дрвена планинска куќична на Пониква. Ново место за уникатно засолниште преку Кајак.мк

Зимски активности во Македонија

Откриј зимски активности во Македонија – прошетки, санкање, локална храна и одмор во природа. Погледни ја понудата на kajak.mk.

Резервации во последен момент за Нова година: скриени места што сè уште вреди да се откријат во Македонија

Барате новогодишно сместување во последен момент? Откријте мирни планински куќи, рурални домаќинства и автентични локации во Македонија што нудат вистинска новогодишна атмосфера и флексибилни резервации.

Ги возиме со трактор, собираат плодови од бавча и подготвуваат специјалитети: Вака странските туристи го доживуваат село Габрово

Запознајте го селското домаќинство Костадинови од Габрово, каде гостите учествуваат во подготовка на домашна храна, дегустација на органски производи и автентични селски активности. Искусете мириси, вкусови и традиција во срцето на Беласица.

Новата година кај локален домаќин: зошто сѐ повеќе патници го избираат ова искуство

Дознајте како локалните домаќини во Македонија ја доживуваат Новата година и зошто престојот кај нив нуди поавтентично, мирно и незаборавно празнично искуство.

Нова година далеку од градската врева

Сè повеќе луѓе ја избираат Новата година надвор од градската бучава. Мир, тишина и простор за вистински почеток на годината.