29.03.2021
Поминав 750 километри низ Македонија со мојот велосипед
Поминав 750 километри низ Македонија со мојот велосипед
Нема поубаво чувство од тоа кога знаете дека дневното
сметање на времето е променето и дека отсега ќе имаме повеќе дневна светлина
која ќе може да ја искористиме на велосипед. Голем љубител на велосипедизмот е
Деан Давитковски, за кого е доволно да кажеме дека за 5 дена има извозено 750 километри околу Македонија.
Деан за нас е добар пример на водич за велосипедисти бидејќи ни ги раскажува неговите тури кои досега ги има реализирано.

Минатата година на 1-ви август, тој ја започнува неговата соло велосипедска тура околу Македонија која траела 5 дена и со изминати 775 километри. Деан се решил на ваква „bike camping“ тура бидејќи за него е најевтината опција за можеш да ги доживееш сите убавини на Македонија.
Турата започнала од Скопје на силен дожд, со надеж дека ќе престане да врне, но за жал дождот го следел се до Маврово. Деан додава дека благодарение на waterproof опремата која ја носел на него и над торбите на велосипедот му помогана да остане сув. Ова е прва лекција за сите нови велосипедисти кои ја читате сторијата на Кајак.мк и имате предвид пролетта или летото да реализирате ваква тура.

Пауза направил на Бигорскиот манастир каде застанал да
касне нешто и да се напие пиво. По одморот продолжил кон Дебар каде наместа се
уште врнело.
Деан советува дека пауза треба да прави и кај Модрич
поради нагорниците кои треба да се искачуваат со велосипед. На велосипедот имал
дополнителен товар од 40 килограми. Велосипедот со кој ја реализирал турата бил
МТВ 27.5 (DRAGica),
а турата до Охрид ја има возено по петти пат, преку
Стража и преку Маврово.
Пристигнува во Охрид околу 19 часот, каде се сместува во кампот на Љубаништа. Наредниот ден го посветува на возење околу Охридското езеро. Кога пристигнал во Љубаништа имал извозено 235 километри за 13 часа.

Наредниот ден авантурата ја започнува во 5 часот наутро кога влегува во езерото да се освежи. Потоа го пакува шаторот и се упатува кон Лагадин каде набавува неколку намирници за јадење.

Деан вели дека доколку го обиколувате Охридското езеро со
велосипед задолжително треба да си понесете крема за сончање. Македонската
страна како што вели има доволно сенка, но од страната на Албанија сонцето е
посотјан придружник.
Вториот ден тој поминал 150 километри .

Третиот ден го посветил на искачување на Галичица, што за него е вистинско искуство и доживување. Да се вози галичица со велосипед за Деан е нешто што треба секој да го проба.

По Галичица се спуштил кон Стење, по кој пат вели дека е вистинско адреналинско искуство и напоменува дека има многу дупки на патот. Третата ноќ ја поминува на Стење на самата плажа. Вистински театар му приредил силниот ветар за кој Деан вели дека ќе го кренел заедно со се шаторот.

Четвртиот ден го поминал на Крани и Долно Дупени каде поради пандемијата рестораните и продавниците не биле во функција. По Крани патот го продолжува кон Битола со намера да се искачи на Пелистер, но дожнот му се придружува и го спречува во ова намера. Придружуван од дождот продолжил се до Велешкото езеро каде и го прави своето последно кампување.

Последниот ден го заокружува во Скопје, половина час пред
да престане да врне. Деан вели дека добрата опрема може да помогне многу во
реализацијата на велосипедските тури. Ова како што вели тој не е првата тура
која ја има реализирано самостојно или пак со група.
Тимот на Кајак.мк му се заблагодарува на Деан за
споделеното искусво.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.