26.01.2024

Во Црна Гора има дрвени буриња во кои можете да престојувате

Во Црна Гора има дрвени буриња во кои можете да престојувате

Ако некогаш сте помислиле дека сте ги виделе сите уникатни сместувања во кои може да престојувате неколку ноќевања, тогаш еве уште еден предизвик за вас како авантуристи кој можете да го искусите од средината на месец мај.


Денеска ќе ве запознаеме со домаќинот Дејан од Црна Гора, поточно од градот Андријевица. Дејан вели дека отсекогаш имал сон да создаде уникатно планинско сместување кое ќе биде во склад со природата, нема да го наруши природниот амбиент и ќе биде нешто поразлично од класична планинска колиба.


Неговиот сон започнал да го остварува во близина на градчето Андријевица или на три ипол часа возење од границата на Македонија. Поточно овие како што тој милува да ги нарече „Диви Буриња“ се позиционирани на 1750 метри надморска височина во областа на Комово која изобилува со прекрасна природа, шума и секако поглед од милион долари.


Дејан вели дека гостите овде може да уживаат во прошетките низ природата, може да галат многу домашни животни како што се локалните коњи, а може да уживаат по велосипедските патеки и секако да уживаат во спокојот опкружен со густа букова шума. Овде како што вели домаќинот, деновите се уживанција, а зајдисонцата се магични.


На нашето најбитно прашање, од кога се отвара сезоната за резервации, домаќините ни споменаа дека во бурињата може да се престојува од средина на месец мај до доцна есен, но тоа не значи дека треба тогаш да се резервираат. Поради популарноста на ова сместување, тимот на Кајак.мк ви препорачува да извршите резервација уште денеска. Опција за испраќање на барање за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.


До самото сместување можете да стигнете со помал автомобил, а треба да имате предвид дека последните 2 километри пат до смесувањето ќе го поминете по тампониран земјен пат.

Повеќе информации за сместувањето, фотографии, како и опција за онлајн резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.