14.10.2020

Староградска куќа во Крушево достапна за изнајмување

Староградска куќа во Крушево достапна за изнајмување

Лоцирана во централното подрачје на градот Крушево, вилата Павија е на само 2 минути пешачење од главниот плоштад и на 10 минути пешачење од споменикот „Мечкин Камен“.


Ова уникатна крушевска куќа има четири апартмани и комплетно опремена кујна и купатило. Куќата има двор со градина која гостите може да ја користат, а има и WI-FI. 


Што би правеле во Крушево? Кајак има предлози:

Крушево и ден денес е град-музеј. Познатите семејства до ден-денес раскажуваат за старите времиња, за момите донесени дури од Цариград, за уметниците од светски калибар како Никола Мартиновски и Тоше Проески, чиишто роднини и соседи ќе ги сретнете на улица.


Покрај ова, Крушево има прекрасна чаршија. Во неа се уште постојат некои од старите занаети: калајџиски, кујунџиски, казанџиски, чевларски, златарски и други. Сите работат бочвари, копаничари, бакроресци, фурнаџии, столари итн.


(Фото: СДК.МК)

За љубителите пак на активниот туризам во Крушево постои можност за изнајмување на велосипеди. Нешто кое тимот на Кајак.мк ви го препорачува. 


macedonia-timeless.com

Посетете го музејот на Тоше Проески. Обејктот е изграден од бетон и стакло во форма на крст на површина од 870 квадратни метри. Музејската поставка обезбедува хронолошки приказ од детството и тинејџерските години до периодот кога Тоше го достигна врвот во уметничката кариера, збогатена со 350 автентични експонати, сопственост на семејството Проески. Во централниот дел е поставен молитвеник, верски предмети на Тоше и неколку негови запишани размислувања за љубовта, семејството, пријателството. Дел од поставките се и две восочни фигури на Тоше во природна големина.

Вила Павиа можете да ја резервирате на: 071 567 276


МОЖЕБИ САКАТЕ ДА ОТПАТУВАТЕ ВО МАВРОВО? ПРОЧИТАЈТЕ ГО ОВА:

Во вила Јана на Маврово можете да изнајмите кајаци за активен одмор



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Викенд идеја: Ротинско Езеро и Нижеполе – совршен спој на мир, планина и природа близу Битола

Откријте ја викенд дестинацијата Ротинско Езеро и Нижеполе кај Битола – комбинација од езерска тишина, планински пејзажи и локална гастрономија. Идеја за кратко бегство во природа.

Нова дрвена куќичка во Суви Лаки со приватно џакузи идеално за викенд уживање!

Сместена на 1000 метри надморска височина, опкружена со борова шума, чист планински воздух и целосен мир, оваа куќичка е создадена за сите оние кои сакаат да избегаат од градската бучава и да се поврзат со природата.

Неделно откритие од Македонија: Скриени приказни што вреди да се споделат

Откријте ја „АЛ-БИ“ библиотеката во Бабино, Демир Хисар — уникатен културен центар и приватна иницијатива посветена на зачувување и достапност на книжевното наследство во Македонија.

Осоговските планини стануваат новиот центар за авантуристички туризам во Македонија

Откриј ги Осоговските планини со Kajak.mk – АТВ тури, кампување под ѕвезди, пикник во природа, коњички тури и уникатни авантури во Македонија.

Дали знаете дека во Македонија има дрвени куќички со панорамски поглед на Охридско Езеро?

Денеска ве водиме во Горна Белица, планинско село сместено на 1440 метри надморска височина, каде природата, тишината и погледот кон Охридското Езеро создаваат доживување кое тешко се заборава.

НОВО: Набљудување на ѕвезди со телескоп во Македонија | Kajak.mk

Доживејте набљудување на ѕвезди со професионален телескоп на локација по ваш избор во Македонија. Идеално за групи, тим билдинг и приватни настани под отворено небо.