28.09.2020

Изворите на реката Бабуна: Секој кој ги посетил споделува

Изворите на реката Бабуна: Секој кој ги посетил споделува

За сите љубители на шумата и зеленилото, ви ја препорачуваме еднодневната предлог дестинација „Изворите на Бабуна“. Се наоѓаат во пазувите на планината Јакупица, во областа наречена Азот. Овие фотографии се направени од професионалиот фотограф Дуле Дамјановски кој ги сподели во групата за патување низ Македонија.



До нив се стига по патеката која на самиот почеток има и информативна табла на која стои и јасно предупредување, „Пешачењето кон изворите да не се изведува во зима, доцна есен и рана пролет“. Планината Јакупица, каде се наоѓаат изворите на Бабуна, е речиси недопрена од човекот.


Тие што сепак ќе се решат да ги видат и да се напијат вода од изворите, треба да се подготват за неколкучасовно пешачење. Патот почнува од рибникот кај селото Нежилово, во месноста Азот.


Многу се прашуваат како да стигнат до таму. Игор Смилев од ЗГ Грин пауер објаснува:
Од село Нежилово се упатувате по земјениот пат кон ПД Чеплес. По 3км одење се скршува десно, има табла на која пишува водопадите на Бабуна. Патеката е маркирана, но треба да се внимава оти таа е лизгава и тесна. Се следи маркацијата, се оди внимателно и ќе го донесе секој заинтересиран до водопадите а малку погоре до изворите на Бабуна, кои се под Солунска глава. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.