14.04.2021
Отсега ќе може да престојувате во куќата на Пупин
Отсега ќе може да престојувате во куќата на Пупин
Целта на Кајак.мк е да ви докажеме дека и вие може да припаѓате секаде. Да престојувате на места каде никогаш не сте ни помислиле дека може да престојувате. Целта на Кајак.мк е да ве конектираме со различни луѓе, да стекнувате нови пријателства и да градите нова патувачка култура. Во една реченица, сакаме да развиеме нова ера на туризмот во Македонија и надвор од неа кога станува збор за македонски туристи.
Кога сме веќе кај сместувањата, драго ни е да ве информираме дека од денеска во нашата база е присутна и „Пупиновата куќа“. Доста уникатно сместување во Македонија, кое освен одмор ќе ви понуди многу лекции кои може да ги научите додека престојувате таму. 
За многумина од
вас можеби се уште е непознат фактот дека во Вевчани се наоѓа куќата на
Пупинови, семејството од кое потекнува Михајло Пупин. За оние пак кои не слушнале за Михајло Пупун, тој е научник, особено заслужен за
развојот на електротехниката и телекомуникацијата во светот и е еден од
најголемите физичари и електротехничари.
Доколку добро го познавате Пупин сигурно ќе бидете изненадени од фактот дека од денеска може да резервирате престој во „Пупиновата куќа“ каде што живеело неговото семејство.
Куќата се наоѓа во центарот на Вевчани. Градена е во 1880
година од семејството на Михајло.
Маалото и сокакот, од памтивек наречен Пупинов, со реконструкцијата и обновата
на куќата добиваат душа и
привлекуваат многу туристи. 
Внатрешноста на
куќата е доста автентична. Доколку престојувате овде ќе го почувствувате духот на
домот во кој живеело семејството. Зачувана е старата дрвена порта која води до
прекрасниот двор кој плени во етно стил. Во самата спомен куќа ќе може да ги
видите рачно изработените скали од костеново дрво, собите со огништа- камини.
Куќата располага со три соби за престој. Од кои две имаат еден брачен кревет и еден единечен кревет, а третата има само брачен кревет. Опремени се со сопствено купатило, а една од собите има и сопствена тераса. Сместувањето е идеално за проучување на Вевчани.

Можете да ги посетите изворите, да појдете на планинарење, а исто така имате и тениско игралиште за исполнување на слободното време со физички активности.
| Повеќе информации за сместувањето, фотографии, цена и контакт ќе најдете со еден клик ОВДЕ. |
П.С: Кои се вашите размислувања и ставови? Пишете ни во коментар под самиот текст.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.