30.05.2023
Татко и ќерка од Кавадарци испишуваат винска приказна
Татко и ќерка од Кавадарци испишуваат винска приказна
Приказните за квалитетното вино во Македонија ќе престанат тогаш кога во Македонија ќе капне последната капка вино. Една од мисиите на тимот на Кајак.мк е да ја промовираме Македонија како квалитетна винска дестинација, каде што се произведува квалитетно вино и каде што живеат локални херои кои ги посветуваат своите животи на винската уметност.
Денеска ве водиме во Тиквешкиот регион каде разговаравме со Христина која гордо стои позади Винаријата MG и која заедно со нејзиниот татко Митко Гечев вложуваат голема љубов и заложба во развојот на оваа винарија.

Христина за
Кајак.мк вели дека „Винарија MG“ е семејна винарија која својот официјален печат го добива во 2017-та
година и со простории во село Сирково, но со развојот на винаријата, таа е
целосно преместена во Кавадарци.
Иако оваа винарија е мошне млада, фамилијата Гечеви има богата вековна традиција на производство на вино, а првите записи за оваа фамилја како едни од првите доселеници на град Кавадарци датираат уште од далечната 1673 година.

Винарија MG ја обновува традицијата на производство на вино во 2017 година и нејзино првенче е црвено вино од сортата „Cabernet Sauvignon”. Со ова вино е освоена и првата награда, бронзен медал на натпреварот за млади вина во Кавадарци. Оваа прва и особено важна награда служи како огромен мотиватор за унапредување на винаријата.

Веќе во 2018 винаријата MG, на наптреварот за млади вина, винартијата ја освојува престижната награда „Grand Prix Platinum”, за вино од сортата „Merlot”, а огромен успех MG постигнува и со своите извонредни бели вина, особено „Temjanika” и „Sauvignon Вlanc”.

Во 2021 година, на наптреварот за млади вина, се издвојвуаат со две повисоки награди на вино од сортата „Temjanika” со наградата „Gold”, а со вино од сортата „Sauvignon blanc” добиена е „Grand Gold”, големо злато. Во 2022 година, на натпреварот за млади вина, награда „Gold” освојуваат вина од сортата „Temjanika”, „Sauvignon blanc”, „Merlot” и „Cabernet Sauvignon”, а оваа година како најдобро вино на натпревар за бели вина е единственото ,,Chardonnay”.

Денес винарија MG произведува 10 различни сорти на црвени, бели и розе вина. Merlot, Vranec, Cabernet Sauvignon, Temjanika, Chardonnay, Sauvignon Blanc, Belan (Grenache Blanc), Rkaciteli, Stanushina, Melnik.. Вкупниот капацитет на винаријата изнесува 10.000 литри.

Винаријата е сместена во нов објект со површина од 700 m2, со современа опрема. Освен вина, винарија MG асортиманот го надополнува својот асортиман и со вињак од 2020 година и со кој има освоено сребрен медал на меѓународен фестивал за жестоки пијалоци „Златни чокањ“ во Зеница, Србија, во 2022 година.

Винарија MG е активен член на здружението на винарии „Винотек“ како и винскиот музеј на град Кавадарци, лоциран во срцето на градскиот парк. Во овој музеј може да се вкусат вината на кавадаречките винарии како и одблиску да се запознае историјата на производство на вино во Тиквешијата. Љубовта кон производството на вино, како и успесите кои винаријата ги нижи се огромен мотив за понатамошно унапредување. Нашите цели се винарија MG да прерасне во водечка бутик винарија во регионот.

Христина вели
дека сите љубители на чаша квалитетно вино, изработено со многу љубов,
се добредојдени да ја посетат винаријата и од прва рака да ја чујат историјата за вековната традиција на
производство на вино во Тиквешијата.
Повеќе информации
и контакт од винаријата можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.
Најавантуристичкиот тим билдинг во Берово со Кајак.мк
Тим билдинг во Берово којшто го органзира Кајак.мк е искуство кое се памети. Кој и да ви рече дека во Берово е здодевно и нема што да се прави, треба да знаете дека или ве лаже или ви љубомори :)